Марсел Марко ван Бастен, (роден на 31 октомври 1964 година) — поранешен холандски фудбалер и менаџер, кој настапувал за Ајакс и Милан, како и за холандската фудбалска репрезентација, во 1980-тите и раните 90-ти години како напаѓач. Тој се смета за еден од најголемите европски напаѓачи и еден од најголемите фудбалери на сите времиња. Тој има постигнато 300 голови во кариерата од висок профил, но својот последен натпревар во кариерата го одиграл во 1993 година на 28-годишна возраст поради повреда која го принудила да се пензионира две години подоцна.[2] Подоцна бил главен тренер на Ајакс и репрезентацијата на Холандија.

Марко ван Бастен
Лични податоци
Полно име Марко ван Бастен
Роден на 31 октомври 1964(1964-10-31)(59 г.)
Роден во Утрехт, Холандија
Висина 1.88 м (6 ст 2 ин)[1]
Позиција Напад (Фудбал)напад
Младинска кариера
1970–1971 ЕДО
1971–1980 УВВ
1980–1981 УСВ Елинквајк
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1981–1987 Ајакс 133 (128)
1987–1995 Милан 147 (90)
Вкупно 280 (218)
Репрезентација
1981 Холандија 21 15 (13)
1983–1992 Холандија 58 (24)
Тренер на екипи
2003–2004 Ајакс Јонг
2004–2008 Холандија
2008–2009 Ајакс
2012–2014 Херенфен
2014 АЗ
2014–2015 АЗ (асистент менаџер)
2015–2016 Холандија (асистент менаџер)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари

Ван Бастен го освоил УЕФА Еуро 1988, и бил именуван за играч на турнирот постигнувајќи пет гола вклучувајќи го незаменливиот волеј во финалето против Советскиот Сојуз.[2][3] На клупско ниво, тој освоил три титули во холандската Ердивајс, Купот на победниците на куповите со Ајакс, и три титули во Серија А и две титули во Лигата на Шампионите со Милан. Познат по неговата блиска контрола на топката, напаѓајќи со својата интелигенција и спектакуларни удари и волеи, Ван Бастен бил прогласен за светски играч на годината во 1992 година и ја освоил Балон д'Oр трипати, во 1988, 1989 и 1992 година.[2] Во 1999 година, тој бил рангиран на шесто место на интернет гласањето за ФИФА играч на векот, спороведено преки интернет анкета.[4][5] Тој, исто така, бил осми според анкетата организирана од француското списание "Фудбал на Франција", консултирајќи се со своите поранешни победници на "Балон д'Ор" за избор на фудбалски играч на векот.[6] Во 2004 година, тој бил именуван од Пеле во списокот на ФИФА 100 најголемите играчи во светот.[7] Во 2004 година, во Холандија се одржала анкета за 100 најзначајни холандски луѓе, Ван Бастен се нашол на 25 место, вториот најзначаен фудбалер, зад Јохан Кројф. Во 2007 година, "Скај Спорт" го назчачил Ван Бастен на прво место на својот список на одлични спортисти кои ја прекинале својата кариера порано.[8]

Наводи уреди

  1. „Biography for Marco van Basten“. IMDb. Посетено на 6 April 2010.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Van Basten, a Dutch goal machine“. FIFA.com. Архивирано од изворникот на 2015-06-29. Посетено на 27 June 2013.
  3. „10 Greatest Goals in the European Championships“. FourFourTwo. 2008-05-08. Архивирано од изворникот на 2013-10-23. Посетено на 2008-10-23.
  4. „IFFHS Century Elections“. RSSSF.com – International Football Hall of Fame. Посетено на 8 October 2011.
  5. "FIFA Player of the Century" Архивирано на 26 април 2012 г.. FIFA. Retrieved 19 November 2013.
  6. „The Best x Players of the Century/All-Time“. RSSSF. Архивирано од изворникот на 20 август 2014. Посетено на 6 април 2010.
  7. „Pele's list of the greatest“. BBC Sport. 4 March 2004. Посетено на 15 June 2013.
  8. „Top Ten: Careers Cut Short“. Sky Sportzine. Архивирано од изворникот на 28 февруари 2009. Посетено на 23 јануари 2009.