Марко Сторари

италијански фудбалер

Марко Сторари (италијански: Marco Storari) — италијански фудбалер, голман кој за последен пат настапувал за екипата на ФК Милан.

Италија Марко Сторари
Лични податоци
Роден на 7 јануари 1977(1977-01-07)(47 г.)
Роден во Пиза, Италија
Висина 1.87 метри
Позиција Голман
Број 30
Младинска кариера
1995–1998 Перуџа
1998 Монтеварки
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1998–2002 Анкона Анкона 91 (0)
2002–2003 Наполи Наполи 4 (0)
2002–2003Месина Месина 16 (0)
2003–2007 Месина Месина 127 (0)
2007–2010 Милан Милан 10 (0)
2007–2008Леванте Леванте 17 (0)
2008Каљари Каљари 20 (0)
2008–2009Фјорентина Фјорентина 1 (0)
2010Сампдорија Сампдорија 19 (0)
2010–2015 Јувентус Јувентус 43 (0)
2015- Каљари Каљари 56 (0)
2017–2018 Милан Милан 0 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 9 јануари 2017

На почетокот на кариерата бранел во пониските италијански лиги, додека првото искуство во Серија А му било во дресот на Месина. Освен кај нив, бил член и на фудбалскиот клуб Милан, каде не успеал да се избори за стандардно место во тимот. По неколку сезони минати на позајмица во италијанските прволигаши, потпишал за неговиот сегашен клуб Јувентус.

Клупска кариера уреди

Месина уреди

Сторари е роден во Пиза, а првите фудбалски вештини ги стекнал во локалните клубови Перуџа и Монтеварки. Неговиот прв професионален договор бил со тимот на Анкона, кој тогаш настапувал во третата италијанска лига. Уште во неговата прва сезона во овој тим, успеале да се изборат за место во Серија Б, во сезоната 1999/2000.

По две минати години во Анкона, Сторари заминал за Наполи. Во тоа време и Наполи бил во Серија Б, но Марко не ја добивал потребната минутажа кај нивниот тренер. Поради таа причина заминал за Месина, кои со негова помош се здобиле со прволигашки статус. Дебито во Калчо лигата го остварил на 12 септември 2004 г. на мечот против Парма, кој завршил без победник 0-0. Таа сезона Месина ја завршила на седмото место. И следните две сезони бил прв чувар на мрежата на Месина, која во нејзината втора сезона во Серија А едвај изборила опстанок, а по крајот на сезоната 2005/06 била судски преместена во Серија Б поради аферата Калчополи.

Милан уреди

Во зимскиот преоден рок 2007 год, Сторари направил трансфер во Милан за 1,2 милиони евра.[1] Договорот му бил со времетраење од 2 и пол години (до летото 2010). Во тој период првите двајца голмани Дида и Жељко Калач биле повредени, па така Марко веднаш застанал на голот на Милан. Почетокот во овој клуб, не му бил најсјаен, бидејќи на првите три прволигашки меча за новиот тим, примил дури 7 голови. Во продолжението од сезоната настапил на вкупно 10 натпревари, во кои не успеал да го докаже својот несомнен голмански потенцијал. Па така, по крајот на сезоната морал да си бара нов клуб.

Било решено Сторари да замине на двегодишна позајмица кај шпанскиот прволигаш Бетис. Марко и неговиот личен менаџер веднаш заминале за Шпанија, но не успеале да остварат средба со претседателот на Бетис. Со ова пропаднал договорениот премин, а алтернативно решение бил двегодишниот престој во Леванте како позајмен фудбалер.[2]

Во Леванте се задржал само 6 месеци, бидејќи клубот западнал во тешка финансиска криза и не бил во можност да ги исплати своите фудбалери. Во јануари 2008 г. се вратил во Италија, во дресот на Каљари. За неговото искуство со Леванте, Сторари накусо раскажал: „Тимот беше финансиски нестабилен и не можеше да ме плати... раководните луѓе беа премногу љубезни и искрени кон мене, но јас како професионалец не можам да си дозволам да играм без финансиска придобивка.

Шест месеци минал и во Каљари, а потоа бил ангажиран од страна на Фиорентина како замена за стартерот Себастијан Фреј. Целата таа сезона ја минал во редовите на „виолетовите“ од Фиренца, за потоа да се врати во неговиот стар клуб Милан. Таму немале постојан чувар на мрежата, па Сторари одново добил шанса за докажување. Првите три месеци бил во почетните 11 на Милан, земајќи му го местото на ветеранот Дида. Имал забележителни настапи, што резултирало со потпишување на нов повеќегодишен договор во октомври 2009 г. За негова несреќа набрзо се повредил, што го загубил тешко стекнатото место во првиот тим од бразилецот Дида. Во меѓувреме се опоравил и Кристијан Абијати, со што му се создала дополнителна конкуренција на Сторари. Поради овие промени на голманската позиција во Милан, Сторари одново заминал на позајмица, овој пат во Сампдорија, на 15 јануари 2010 г. Неговиот прв натпревар со новиот клуб му бил против Катанија, со кои одиграле нерешено 1-1.

Јувентус уреди

Сампдорија сакала да потшише перманентен договор со Сторари, но несогласувањата со Милан околу трансфер оштетата го спречиле тој премин. Јувентус изразиле желба да го видат Сторари во своите редови, откако ја загубиле битката со Интер за потписот на Лука Кастелаци. На 23 јуни 2010 год, за сума од 4.5 милиони евра, Сторари заминал за Торино, каде тогашен тренер бил Лујџи дел Нери, со кого претходно соработувал во Сампдорија. Ставил потпис на тригодишен договор кој бил парафиран на 1 јули, со што Јувентус обезбедиле адекватна замена за Џанлуиџи Буфон, кој влечел повреда од Светското првенство во фудбал 2010. Во тимот бил и Алекс Манингер, кој му конкурирал за втората голманска позиција. Во Милан пристигнал Марко Амелија како негова замена за испразнетото голманско место.[3]

Репрезентативна кариера уреди

Марко Сторари никогаш не настапил за репрезентацијата на Италија, иако бил трет избор на голманската позиција на Марчело Липи за Светското првенство во фудбал 2006.

Клупска статистика уреди

Статистиката последен пат е ажурирана на 31 јули 2010 год.

Трофеи уреди

  Јувентус уреди

Наводи уреди

  1. http://www.bilanciomilan.it/2007/HTML/PDF/bilancio.pdf[мртва врска] Милан за 1.2 милиони евра го донесе Сторари
  2. „Storari, cedido por el Milán dos temporadas (Сторари, позајмен од Милан на две сезони)“ (шпански). Diario AS. 12 август 2007. Посетено на 9 октомври 2009.
  3. Играчки профил на мрежното место на Јувентус

Надворешни врски уреди