Маркос Рохо

аргентински фудбалер

Фаустино Маркос Алберто Рохо (роден на 20 март 1990) — аргентински фудбалер кој игра за Манчестер Јунајтед во Премиер лигата и за репрезентацијата на Аргентина како одбранбен играч.

Маркос Рохо
Рохо играјќи за Манчестер Јунајтед во 2017
Лични податоци
Полно име Фаустино Маркос Алберто Рохо[1]
Роден на 20 март 1990(1990-03-20)(34 г.)
Роден во Ла Плата, Аргентина
Држава Аргентина Аргентина
Висина &100000000000001870000001,87 м
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Естудијантес Естудијантес Л.П.
Број 18
Младинска кариера
2000–2008 Естудијантес Естудијантес Л.П.
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2008–2011 Естудијантес Естудијантес Л.П. 43 (3)
2011–2012 Спартак Москва Спартак Москва 8 (0)
2012–2014 Спортинг Лисабон Спортинг Лисабон 49 (5)
2014– Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед 59 (1)
2020–Естудијантес Естудијантес Л.П. 1 (0)
Репрезентација
2011– Аргентина Аргентина 54 (2)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 18 август 2014
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 13 јули 2014

Клупска кариера уреди

Естудијантес ЛП уреди

Рохо пораснал во Ла Плата, Аргентина, и му се приклучил на локалниот клуб Естудијантес ЛП на десетгодишна возраст.

Во 2009, Рохо му се приклучил на првиот тим на клубот, откако го потпишал својот прв професионален договор. Тој поминал три години во клубот, во кои забележал 43 настапи и постигнал три гола.[2]

За време на неговиот престој во Естудијантес ЛП, Рохо ја освоил титулата во Копа Либертадорес како и титулата во првата лига на Аргентина. Рохо повеќето натпревари ги одиграл како лев бек и изградил репутација како вешт напаѓач, постигнувајќи го својот прв гол во поразот од 2–1 против ЛДУ Кито во Рекопа Судамерикана 2010.

 
Маркос Рохо играјќи за Спартак Москва.

Спартак Москва уреди

Во декември 2010, Рохо потпишал петгодишен договор со Спартак Москва.[3] За неговите услуги покрај Спартак Москва биле заинтересирани и ЦСКА Москва, ПСВ Ајндховен, Палермо, Бенфика и Валенсија. Тој не успеал да се снајде во Москва и по една година се разделил со клубот.

Спортинг Лисабон уреди

Во јули 2012, Рохо се преселил од Спартак Москва во Спортинг Лисабон за 3,5 милиони фунти потпишувајќи четиригодишен договор. За клубот од Лисабон, Рохо одиграл вкупно 49 натпревари и постигнал 5 гола.

На 13 август 2014, било објавено дека Рохо бил казнет од клубот поради тоа што одбил да тренира откако било одбиено неговото барање да се пресели во Манчестер Јунајтед за 16 милиони фунти. На 19 август 2014, од Спортинг Лисабон и од Манчестер Јунајтед било потврдено дека Рохо ќе се пресели на Олд Трафорд за сума од 20 милиони евра (16 милиони фунти). Договорот бил предмет на медицинските и личните услови.[4][5][6]

Манчестер Јунајтед уреди

На 20 август 2014, од Манчестер Јунајтед објавиле дека потпишале петгодишен договор со Рохо за 16 милиони фунти, додека пак Нани ќе се приклучи на Спортинг Лисабон на едногодишна позајмица.[7] Поради проблеми со работната дозвола тој ги пропуштил првите три натпревари на Јунајтед во новата сезона, па на своето деби морал да чека до 14 септември кога го одиграк целиот натпревар во победата со 4-0 на домашен терен над Квинс Парк Ренџерс.

Репрезентативна кариера уреди

 
Рохо со дриблинг против Кристоф Крамер во финалето на Светското првенство 2014

Од 2011, Рохо е дел од сениорскиот тим на Аргентина. Својот прв натпревар во аргентинскиот дрес Рохо го одиграл на 9 февруари 2011 во пријателскиот натпревар против Португалија. Тој бил дел од составот на Аргентина на Копа Америка 2011 и на квалификациите за Светското првенство 2014.

Во јуни 2014, Рохо бил именуван во Аргентинскиот состав за Светското првенство 2014.[8] Својот прв настап на светските првенства Рохо го забележал на натпреварот против Босна и Херцеговина на Маракана, натпревар кој Аргентина го добила со 2–1.[9] Во последниот натпревар од групната фаза, Рохо го постигнал својот прв репрезентативен гол во победата од 3–2 против Нигерија.[10] Аргентина стигнала до финалето на првенството во кое загубила од Германија, а Рохо бил единствениот аргентинец кој бил именуван во идеалниот тим на првенството[11]

Репрезентативни голови уреди

Гол Датум Место Противник Гол Резултат Натпреварување
1 25 јуни 2014 Порто Алегре, Бразил   Нигерија 3–2 3–2 Светско првенство 2014

Успеси уреди

Клупски уреди

Естудијантес Ла Плата

Аргентина уреди

Поединечни уреди

  • Идеален тим на Светско првенство: 2014

Наводи уреди

  1. „2014 FIFA World Cup Brazil ™ - List of Players“ (PDF). FIFA. Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-06-25. Посетено на 7 July 2014.
  2. http://www.espnfc.com/player/129426/marcos-rojo, Marcos Rojo - Player Profile , ESPN FC
  3. „Попов: с Рохо в России можно сравнить разве что Луковича“. http://www.championat.com (руски). Championat. 19 December 2010. Архивирано од изворникот на 2015-09-24. Посетено на 12 August 2014. Надворешна врска во |website= (help)
  4. „Da venda de Marcos Rojo para o Man.Utd, 9M€ irão para a construção do nosso Pavilhão“. twitter.com (португалски). Sporting CP. 19 August 2014. Посетено на 19 August 2014.
  5. „COMUNICADO“ (PDF). cmvm.pt (португалски). Portuguese Securities Market Commission. 19 August 2014. Посетено на 19 August 2014.
  6. „#mufc has reached agreement with Sporting Lisbon to sign defender Marcos Rojo, subject to a medical and personal terms“. twitter.com (англиски). Manchester United F.C. 19 August 2014. Посетено на 19 August 2014.
  7. „Manchester United sign Marcos Rojo for £16m on five-year deal“. bbc.co.uk/sport (англиски). BBC Sport. 20 August 2014. Посетено на 20 August 2014.
  8. „Demichelis in Argentina squad as trio miss out“. FIFA. 2 June 2014. Архивирано од изворникот на 2014-06-04. Посетено на 21 June 2014.
  9. „Argentina 2-1 Bos-Herce“. BBC. 16 June 2014. Посетено на 21 June 2014.
  10. „Nigeria 2-3 Argentina“. BBC. 25 June 2014. Посетено на 26 June 2014.
  11. „World Cup 2014: Castrol Index Top 11“. FIFA.com. Архивирано од изворникот на 2014-12-30. Посетено на 14 July 2014.

Надворешни врски уреди

Други проекти уреди