Маркетинг на содржина

Маркетинг на содржина или контент маркетинг (англиски: content marketing) — техника на создавање и дистрибуција на содржина, чија цел е да остави впечаток и да создаде вредност кај целната онлајн публика.[1] Овој маркетинг е насочен кон создавање комуникација со клиентите и градење на долгорочна доверба. Преку содржината се пренесуваат битни информации до потенцијалните потрошувачи кои добиваат јасна слика за производот.

Одлики на маркетингот на содржина уреди

Главна одлика на овој тип на маркетинг е неговата ненаметлива комуникација со потенцијалните потрошувачи, чија цел е да ги информира и образува за да го доближи производот/услугата поблиску до нив.

Други, основни одлики на маркетингот на содржина се:

  • детално познавање на целната онлајн публика
  • начин на стигнување до целната публика
  • комуникација со целната публика која не е фокусирана на дирекна продажба
  • комуникација со публиката
  • создавање на квалитетна содржина
  • континуирана дистрибуција на содржината
  • активирање на публиката

Содржина уреди

Содржината може да биде сè:

  • блог постови
  • влогови
  • слики
  • видеа
  • аудио презентација
  • презентации
  • инфографици
  • електронски книги

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Wainwright, Corey. „Content Marketing Strategy: A Comprehensive Guide for Modern Marketers“. Hubspot.