Марио Варгас Љоса

Марио Варгас Љоса (роден на 28 март 1936; шпански: Mario Vargas Llosa) - перуански писател, политичар, новинар и есеист. Љоса е еден од водечките романописци и есеисти од Латинска Америка, како и еден од водечките автори од својата генерација и од авторите на „латиноамериканскиот процут“. Во 2010 ја доби Нобеловата награда за литература „за неговата картографија на структурите на моќта и острото отсликување на отпорот, револтот и поразот на поединецот.“ [1]

Марио Варгас Љоса
Марио Варгас Љоса во 2010
НационалностПеруанец, Шпанец
Апсолвент наДржавниот универзитет од Сан Марксо
Универзитетот од Мадрид
Значајни наградиНобелова награда за литература
2010
Сопруг/аХулија Уркиди (1955–1964)
Патрисија Љоса (1965–денес)
ДецаАлваро Варгас Љоса
Гонсало Варгас Љоса
Моргана Варгас Љоса
мрежно место
http://www.mvargasllosa.com

Животопис уреди

Еден син на Љоса се вика Алваро.[2]

Творештво уреди

Варгас Љоса се прославил во 1960-те со романитеГрадот и кучињата“ (La ciudad y los perros, 1963), „Зелената куќа“ (La casa verde, 1965) и „Разговор во катедралата“ (Conversación en la catedral, 1969).

Наводи уреди

  1. „The Nobel Prize in Literature 2010“. Nobelprize. 7 октомври 2010. Посетено на 7 октомври 2010.
  2. Gabrijel Garsija Markes, Pukovniku nema ko da piše. Beograd: Sezam Book, 2012, стр. 114.

Надворешни врски уреди