Маринер 1 – било првото вселенско летало од американската програмата Маринер. Леталото било дизајнирано за орбитирање околу Венера и собирање детални информации за неговата површина. Мисијата не била успешна, во 09:26:16 UT, помалку од 300 секунди по лансирањето на 22 јули 1962 година, мисијата била отповикана.

Маринер 1
Лансирањето на Маринер 1
ОператорНАСА
ИзведувачиЛабораторија за млазен погон
Вид на мисијаОрбитирање околу Венера
Лансирано на22 јули 1962 во 9:21 UTC
Носечка ракетаАтлас-Агена Б
Траење на мисијата4 минути, 53 секунди
неуспешна мисија
Дом. страницаНАСА - Главен каталог на NSSDC
Маса202,8 кг

Леталото требало да тргне директно кон Венера, но при полетувањето дошло до откажување на системот за управување заради софтверска грешка на истиот[1]. При услови на неконтролирано летало, 294, 5 секунди по неговото лансирање, одговорниот офицер наредил откажување на мисијата и уништување на леталото[2] . Проценето било дека ракетата се срушила во северниот Атлантик, во ненаселена област.

За лансирање се користела Атлас-Агена, како и за Маринер 2, Маринер 3, Маринер 4 и Маринер 5. Причината зошто е изгубен контактот на моторот со командата не е познат. Пет недели подоцна, мисијата на Маринер 1 ја извршил Маринер 2.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Mariner 1“. 4.0.8. NASA. 2008-08-05.
  2. „Venus Shot Fails as Rocket Strays“ (fee required). New York Times. 1962-07-23.

Надворешни врски уреди