Марина (ТВ серија)

Марина (англиски: Marina) е американска / колумбиска теленовела снимана во Мексико, во 2006 година. Серијата е римејк на позната триологија на Талија, Марија Мерцедес, Маримар и Марија од преградието.

Марина
Жанрдрама
теленовела
Создадена одИнес Родена
УлогиСандра Ечеварија
Маурисио Окман
Маноло Кардона
Ајлин Мухика
Сузана Досаментос
Земја на потеклоСАД / Мексико
Првичен јазикШпански
Бр. на епизоди169
Производство
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаТелемундо / Аргос Продукција
Првично прикажување16 октомври 2006 – 29 јуни 2007
Хронологија
СледбеникСемето на љубовта (2007-2008)
Надворешни врски
Мрежна страницаtelemundoeventos.com/marina/marina eng.html

Синопсис уреди

Марина е приказна за прекрасно и смела девојче кое ги забавува туристите кои доаѓаат во сончевиот Акапулко. Светот и се руши кога нејзината мајка умира неочекувано и Марина е принудена да се премести во богат имот, на фамилијата Аларкон Моралес, моќно семејство, кое не е подготвено да ја дочека сиромашната девојка со отворена врата. Во новиот дом Марина ќе биде опркужена со злото и омразата, но исто така ќе вложи напор и заштита од моќниот мултимилионер, Дон Гуљелмо, нејзиниот чичко. Марина го споделува семејното наследство и го запознава луксузниот начин на животот. Но во тој имот ќе ја запознае и љубовта во лицето на Рикардо Аларкон, убав и млад маж, кој се посветил во бизнисот на фамилијата и живее со својата жена, Адријана, но боледува од тешка болест. Рикардо е воодушевен од Марина и се заљубува лудо во неа. Но повеќето од фамилијата ќе прават се да ги разделат, но тие и покрај тоа ќе се борат за вистинска љубов.

Улоги уреди

Глумци Ликови
Сандра Ечеварија Марина
Маурисио Окман Рикардо *1
Маноло Кардона Рикардо *2
Ајлин Мухика Лаура / Вероника
Сузана Досаментос Алберта
Умберто Зурита Гуљелмо
Долорес Хередија Роса

Марина на Балканот уреди

Бугарија: бТВ
Србија: Пинк Телевизија
Босна и Херцеговина: Пинк БХ
Црна Гора: Пинк М
Македонија: Сител Телевизија

Надворешни врски уреди