Мариехамн

главен град на Оланд

Мариехамн (шведски: Mariehamn, фински: Maarianhamina) — главен град на автономната островска територија Оланд во состав на Финска. Градот е седиште на владата и парламентот на Оланд, и е дом на 40 % од населението територијата. Како и целиот Оланд, во Мариехамн е застапен само шведскиот јазик, кој е мајчин за 88 % од жителите.[1]

Мариехамн
Mariehamn
град
Куќи во Мариехамн
Куќи во Мариехамн
Амблем на Мариехамн
Амблем
Карта

Мариехамн во рамките на Оланд
Држава Финска
Регион Оланд
ПодрегионМариехамн
Повелба1861
Управа
 • ГрадоначалникЕдгар Викстрем
Површина
 • Вкупна20,75 км2 (801 ми2)
Население (2019)
 • Вкупно11,775
 • Густина998,73/км2 (258,670/ми2)
Мреж. местоmariehamn.ax
Старата улица „Седрагатан“.
Градската библиотека.
Црквата „Св. Ѓорѓи“.

Историја уреди

Градот е основан во 1861 г. околу селото Евернес, тогаш во општината Јомала и наречен по руската царица Марија Александровна (1824-1880). Со неговото проширување, постепено почнал да опфаќа сè поголем дел од територијата на Јомала. Иџграден е по строго рамномерен урбанистички план, кој е зачуван до денес. Една од најстарите улици е „Седрагатан, по која можат да се забележат бројни куќи од дрво изградени во XIX век.

По Првата светска војна, во Мариехамн се развил товарниот превоз на житарки со познатата Житна флота.[2]

Сообраќај уреди

Пристаништа уреди

Градот е сместе на полуостров и има две поголеми пристаништа, едното на западниот, а другото на источниот брег. Особено поволно е тоа што тие не замрзнуваат преку целата година, и немаат плима и осека.[3] Западното е важно меѓународно пристаниште со секодјевни пловила до Шведска, Естонија и континентална Финска. Балтичките патнички пловила често застануваат во Мариехамн бидејќи Оланд не членуа во царинскиот сојуз на ЕУ, па затоа на пловилото можат да се продаваат бесцарински стоки. Во ова пристаниште има и историски бродови како четиријарболниот музејски брод „Померн“ кои сведочат за историската важност на местото.

Во Источното пристаниште се наоѓа едно од најголемите сидришта (марини) во цела Скандинавија. Тука е закотвен познатиот холандски пароброд „Јан Нивен“ (денес наречен „Ф.П. фон Кноринг“, по оландскиот просветар и свештеник Франс Петер фон Кноринг).

Воздухопловство уреди

Градот го опслужува Аеродромот Мариехамн од кој сообраќаат две авиолинии, меѓу кои државниот „Финер“.

Култура уреди

Местото е средиште на културата и медиумите во Оланд. Тука се работат редакциите на двата весника (Оландстиднинген и Нија Оланд), неколку радиостаници и двете месни телевизии (ТВ Оланд и Оланд24). Островјаните уште одамна се познати како љубители на книгата, и имаат јавни библиотеки уште пред 1920 г. Во 1891 г. во градот е отворена печатница.[3] Градската библиотека, изградена во 1989 г., се смета за една од најинтересните градби во модерен стил.

Архитектура уреди

Во Мариехамн има неколку градби проектирани од финскиот архитект Ларс Сонк, кој се преселил во Оланд уште како дете. Тие се црквата „Св. Ѓорѓи“ (1927), главното здание на Поморската академија (1927) и Градскиот дом (1939). Други градби се дело на Хилда Хонгел, иако денес се останати само неколку.

Географија уреди

Клима уреди

Градот има преодна умереноконтинентална клима со извесни одлики на приморската поради неговата положба како остров. Со ова, летата се посвежи од оние во копнена Шведска и Финска, а зимите се послични на оние во приморските делови на Шведска отколку во континентална Финска, каде времето е посурово.

Збратимени градови уреди

Мариехамн е збратимен со следниве градови:[4]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Население според јазик, бројот на странци и земјишна површина на 31 декември 2008 г.“. Statistics Finland's PX-Web databases. Статистика Финска. Архивирано од изворникот на 2009-08-17. Посетено на 29 март 2009. (фински)
  2. Derby., W L A (1937). „Mariehamn's Grain Fleet - Shipping Wonders of the World“. Shipping Wonders of the World (21 јули 1937): 746–749.
  3. 3,0 3,1 Prothero, G.W. (1920). The Åland Islands. Great Britain. Foreign Office. Historical Section. стр. 5.
  4. Mariehamns stads vänorter. Архивирано на 21 септември 2015 г. посет. 14 јули 2015 г

Надворешни врски уреди

60°06′N 19°56′E / 60.1° СГШ; 19.93° ИГД / 60.1; 19.93