Мари (англиски: Moray, гелски: Moireibh или Moireabh) е управна област во Шкотска. Сместена е на североистокот на земјата, со крајбрежје на Марискиот Ферт. Се граничи со областите Абердиншир и Хајленд.

Мари
Moray
Moireibh

Лого на Мари

Лого

Местоположба
Мари во рамките на Шкотска
Географија
Површина VIII место
- Вкупно 2.238 км²
Админ. центар Елгин
ISO 3166-2 GB-MRY
ONS-код 00QX
Демографија
Население XXVI место
- Вкупно (2005) 87.800
- Густина 39/км²
Политика

Совет на Мари
http://www.moray.gov.uk/
Управ. партии независен/Конзервативци
Пратеници Ангус Робертсон (Мари)
Пратеници

Населени места уреди

Население уреди

За разлика од многу други региони во Шкотска каде населението опаѓа, населението на Мари до 2024 се очекува да порасне на 91.000 жители.

Јазик уреди

Првиот пишан наод за јазикот датира од 1705, каде се вели дека сето население на Мари (со исклучок на крајбрежјето) говори гелски.[1] Веќе во 1822 јазикот се задржал само во само најјужниот дел, каде највеќе 10% од населението гелскиот го зборувале подобро од англиски.[1] Кон крајот на XIX век ситуацијата се подобрува, па во периодот од 1881 до 1921 процентот на гелски говорници во Мари се движел вака:

Година Говорници
на гелски (%)
1881 2,63
1891 5,64
1901 4,48
1911 2,98
1921 2,08
1991[2] 0,56

Оттогаш наваму говорниците на гелски сочинуваат помалку од 1% од населението. За сметка на гелскиот, во Мари најпрвин предоминирал дорскиот дијалект на шкотскиот јазик, а потоа со шкотското наречје на англискиот јазик.

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Withers, C. Gaelic in Scotland 1698-1981 (1984) John Donald Publishers ISBN 0-8597-097-9
  2. SCROL [1] Архивирано на 4 јули 2008 г.
  • "MORAY 2020: STRATEGY FOR THE DIVERSIFICATION OF THE ECONOMY OF MORAY FOLLOWING RESTRUCTURING OF THE RAF BASES AT KINLOSS AND LOSSIEMOUTH"

Надворешни врски уреди


Координати: 57°25′N 3°15′W / 57.417° СГШ; 3.250° ЗГД / 57.417; -3.250