Марвинци

село во Општина Валандово

Марвинци — село во Општина Валандово, во областа Бојмија, во околината на градот Валандово.

Марвинци

Воздушен поглед на селото

Марвинци во рамките на Македонија
Марвинци
Местоположба на Марвинци во Македонија
Марвинци на карта

Карта

Координати 41°17′00″N 22°29′53″E / 41.28333° СГШ; 22.49806° ИГД / 41.28333; 22.49806
Регион  Вардарски
Општина  Валандово
Област Бојмија
Население 437 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2460
Повик. бр. 034
Шифра на КО 04014
Надм. вис. 114 м
Марвинци на општинската карта

Атарот на Марвинци во рамките на општината
Марвинци на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа во областа Бојмија, во јужниот дел на територијата на Општина Валандово, од левата страна на реката Вардар, а нејзиниот атар се допира со подрачјето на Општина Гевгелија.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 114 метри.[2]

Низ селото поминува регионалниот пат 1401, кој ја поврзува Струмица со селото.

Историја уреди

 
Селото Марвинци во 1931 година

Подрачјето на Марвинци е населено уште од античкиот период, за што сведочат остатоците од населба на населбата и тврдината Исар, кое се наоѓа над селото.[3]

Селото било срамнето со земја при Валандовскиот земјотрес во 1931 година. Епицентарот на земјотресот бил во самото село.[4]

Стопанство уреди

Атарот на селото зафаќа површина од 7,6 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 311 хектари, на шумите отпаѓаат 227 хектари, а на пасиштата 137 хектари.[2]

Селото, во основа, има полјоделска функција.[2]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948336—    
1953365+8.6%
1961379+3.8%
1971462+21.9%
1981564+22.1%
ГодинаНас.±%
1991526−6.7%
1994519−1.3%
2002504−2.9%
2021437−13.3%

Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 18 домаќинства со 64 жители христијани.[5]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Марвинци имало 160 жители, сите Македонци.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Марвинци имало 240 жители.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[8]

Марвинци е средно село по големина со пораст на бројот на населението. Така, селото во 1961 година имало 379 жители, а во 1994 година 519 жители, од кои 275 биле Македонци и 244 Срби.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Марвинци имало 504 жители, од кои 224 Македонци и 280 Срби.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 437 жители, од кои 196 Македонци, 2 Албанци, 1 Турчин, 215 Срби, 1 Бошњак, 1 останат и 21 лице без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 160 240 336 365 379 462 564 526 519 504 437
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Општествени установи уреди

 
Подрачното основно училиште во селото

Самоуправа и политика уреди

Во XIX век, Марвинци било македонско село во Дојранската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Валандово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Валандово.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Валандово.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Валандовска градска општина, во која покрај селото Марвинци се наоѓале градот Валандово и селата Балинци, Брајковци, Грчиште, Пирава, Раброво и Честово. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Марвинци, во која влегувале селата Балинци, Брајковци, Грчиште и Марвинци.

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 0294 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[16]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 380 гласачи.[17]

Културни и природни знаменитости уреди

Археолошки наоѓалишта[3]
  • Исар — населба и некропола;
  • Сред Село — некропола од хеленистичко време;
  • Ќурќиевица — некропола од железно време; и
  • Црква — осамен наод од римско време.
Цркви[18]
Споменици
  • Споменик на народниот борец Мито Симеонов, сместен пред основното училиште

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 191.
  3. 3,0 3,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 56. ISBN 9989-649-28-6.
  4. Порта3 (2017-12-21). „Разурнувачкиот земјотрес во Валандово од 1931 година“. Порта3 - градежништво, архитектура и екологија. Посетено на 2024-03-23.
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 192-193.
  6. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 164.
  7. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 100-101.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 17 јули 2017.
  10. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  11. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  12. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  13. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  14. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  15. „За нас“. ООУ „Страшо Пинџур“. Посетено на 20 јануари 2024.
  16. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
  17. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
  18. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски уреди