Мара Исаја (родена во 7 септември 1927 во Плоешт - починала на 23 октомври 2006 во Скопје) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица[1].

Мара Исаја
Родена 7 септември 1927
Плоешт, Романија
Починала 23 октомври 2006(2006-10-23) (возр. 79)
Скопје, Македонија Македонија
Националност Македонец
Занимање глумец
Роднини Јон Исаја (брат)

Животопис уреди

Исаја е родена во Плоешт, Романија, во 1923 година, како дете на македонски печалбар од Тетово[2]. На само 16 години се запишала на Конзерваториум за драмски уметности во Букурешт, а паралелно учела и гимназија. Како една од најдобрите студентки, дипломирала на 18 години. Првиот глумечки ангажман го добила во елитниот Народен театар во Букурешт, во кој членувала до 1951 година, кога заедно со семејството дошла во Македонија. Во Македонскиот народен театар е вработена од 1954 година, а во 1964 година, заедно со една поголема група на истакнати глумци од МНТ премина во тогашниот Младинско-детски, денес Драмски театар, каде што најзиниот раскошен глумечки талент дошол до полн израз[2]. Упорна, професионална и фанатично работлива, во текот на следните три децении, Исаја одиграла редица различни театарски и филмски улоги. Таа останала запаметена по антологиската претстава „Столови“ од Јонеско, кога остварила бравурозна улога, заедно со својот брат Јон Исаја, во 1980 година. Тоа била првата претстава од Јонеско, поставена на театарска сцена во Македонија. Добитник е на наградата „13 ноември“, а во 2005 на фестивалот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп ѝ била доделена наградата за животно дело. Починала на 23 октомври 2006 во Скопје[3].

Филмографија уреди

Толкувала големи улоги на радиото и на телевизијата, а за своите успешни настапи во македонските играни филмови „Мементо“ и „Планината на гневот“ е наградена на Филмскиот фестивал во Ниш, Србија.

Година Филм Улога
1961 Мирно лето ТВ-филм
1967 Мементо ТВ-филм
1967 Македонска крвава свадба ТВ-филм
1969 Планината на гневот ТВ-филм Калина
1970 Цената на градот ТВ-филм Старица 2
1971 Македонскиот дел од пеколот ТВ-филм
1971 Некаде морам да те чекам ТВ-филм
1973 Недела ТВ-филм Трендафила
1977 Исправи се, Делфина ТВ-филм Сопругата на француската обала
1981 Црвениот коњ ТВ-филм
1982 Илинден ТВ-серија
1982 Гласот ТВ-филм Аббес
1983 Црвениот коњ ТВ-серија
1984 Го мемираше мојот јастреб ТВ-филм Сопругата на Сулејман

Наводи уреди

  1. Ivan Ivanovski (1997). Osnovopoložnici na akterskata umetnost vo Makedonija. MM.
  2. 2,0 2,1 „Мара Исаја беше една од најкултивираните глумици во Македонија“. Утрински Весник. 25 октомври 2006. Посетено на 2011-01-02.
  3. „Култура и спорт: Македонските новинари и фотографи добија награди на ОН“. Ѕеtimes. 25/10/2006. Посетено на 2011-01-02. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)

Надворешни врски уреди