Маратон е трка на патека долга 42,195 километри воведена на Летните олимписки игри - 1896 во Атина, за спомен на војникот што трчал од Маратонско поле до Атина за да извести за победата на Грците над Персијците 490 п.н.е.. По пристигањето во Атина, гласникот умрел. Должината на патот што го поминал тој е земена за должина на маратонот што е ставен во програмата на сите поголеми меѓународни атлетски натпревари.

Маратон

Светскиот рекордер во маратон е Патрик Макау од Кенија со време од 2:03:38 што изнесува просечна брзина од 20,48 км/ч.