Мануел Алмунија Риверо (шпански: Manuel Almunia Rivero (роден на 19 мај 1977 во Памплона) — шпански фудбалски голман кој во моментов настапува за Ватфорд.

Мануел Алмунија
Алмунија во 2011 година
Лични податоци
Полно име Мануел Алмунија Риверо[1]
Роден на 19 мај 1977(1977-05-19)(46 г.)
Роден во Памплона, Шпанија
Висина 1,92 м[2]
Позиција Голман
Клупски податоци
Сегашен клуб Ватфорд
Број 1
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1997–1999 Осасуна Б 44 (1)
1999–2000 Осасуна 0 (0)
1999–2000Картагина (позајмница) 3 (0)
2000–2001 Сабадел 25 (0)
2001–2004 Селта Виго 0 (0)
2001–2002Ејбар (позајмница) 35 (0)
2002–2003Рекреативо Уелва (позајмница) 2 (0)
2003–2004Албасет (позајмница) 24 (0)
2004–2012 Арсенал 109 (0)
2011Вест Хем Јунајтед (позајмница) 4 (0)
2012– Ватфорд 67 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 17:43, 01 March 2014 (UTC)

Клупска кариера уреди

Шпанија уреди

Алмунија ја започна неговата сениорска кариера во резервниот тим на Осасуна во 1997, играјќи две сезони во втората Шпанска Лига Б. Потоа помина уште две сезони во лигата со Картахена и Сабадел, пред да стане член на тимот од Примера, Селта де Виго во 2001.

Сепак, набрзо потоа беше даден на заем во тимот од Сегунда, Еибар, каде што ја помина сезоната 2001-02 како прв голман. За време на сезоната 2002-03, Селта го даде на заем во прволигашот Рекреативо де Уелва, каде беше трет голман зад Луке и Цезар Куесада, и имаше само два настапи во лигата. Дебито во Примера му беше во поразот од 3:0 на гостувањето кај Алавес на 17 ноември 2002, откако Цезар Куесада заработи црвен картон.[3]

Потоа се врати во Селта, каде што помина речиси цела година без ниту еден првотимски настап, пред да отиде повторно на заем во Албасете на 1 ноември 2003. Дебито во Примера за Албасете му беше во поразот од 1:0 против Малага на 9 ноември 2003 по што се наметна како прв голман на тимот во декември 2003, со вкупно 24 настапи во лигата до крајот на сезоната.[4]

Арсенал уреди

Алмуниа потпиша договор со Арсенал за непозната сума на 14 јули 2004.[5] Дебито му беше на натпревар од Лига Купот против Манчестер Сити на 27 октомври 2004 кој Арсенал го доби со 2:1. Настапи на сите Лига Куп натпревари на Арсенал таа сезона, вклучувајќи го и четвртфиналето против Манчестер Јунајтед на 1 декември 2004, кога топката му испадна од раце по што Дејвид Белион постигна гол, единствениот на натпреварот. Сепак, потоа го направи и своето Премиерлигашко деби при победата од 3:0 против Бирмингем Сити на 4 декември 2004, како и Европското деби три дена подоцна во натпреварот против Розенборг кој Арсенал го доби со 5:1.

Додека беше втор голман на Арсенал, Алмунија најчесто играше во Куп натпреварите, каде што можеше да ја покаже способноста да брани пенали, како во победата против Шефилд Јунајтед во ФА Купот во сезоната 2004-05, каде што одбрани двапати во пенал рулетот откако натпреварот заврши 0:0, со што Топчиите поминаа во четвртфиналето. Уште еден успешен пенал рулет со Алмунија на гол беше на натпреварот против Донкастер Роверс во Лига Купот во сезоната 2005-06.

Алмунија немаше ниту еден Премиерлигашки настап во сезоната 2005-06, но играше во пет од шестте натпревари од фазата по групи од Лигата на Шампионите таа сезона. Финалето на Лигата на Шампионите во 2006 против Барселона, Алмунија го започна на клупата, но влезе како замена откако Јенс Леман заработи црвен картон. Само што влезе имаше многу важна одбрана кога го одби шутот на Самуел Ето во стативата. Но сепак, не успеа да им одолее на Барселона. При крајот на второто полувреме, Ето доби добра асистенција во шестнаесетникот по што го совлада Алмунија за да израмни на 1:1, а на десет минути до крај, Џулиано Белети го постигна вториот гол за победа на Барселона.

Шпанецот беше редовен стартер во ФА и Лига купот за Арсенал во сезоната 2006-07, дури и играше во финалето на Лига Купот. Во единствениот настап во лигата таа сезона, заменувајќи го болниот Јенс Леман, на домашен терен против Ливерпул, го зачува својот гол во победата од 3:0. Сè на сè, изгледаше далеку подобар од неговите претходни настапи.

По повредата на Јенс Леман, како и двете крупни грешки кои ги направи Германецот во првите два натпревари од лигата против Фулам и Блекбурн Роверс, Алмунија влезе во почетниот состав на Арсенал за третиот Премиерлигашки натпревар од сезоната 2007-08, против Манчестер Сити. Алмуниа и понатаму беше замена за Леман во септември и октомври 2007. Неговата форма во овие два месеца мѕ овозможи ненадјно да стане прв голман во изборот на Арсен Венгер на сметка на Германскиот интернационалец. На 23 октомври 2007, Леман го покажа својот гнев јавно кога изјави дека би почнал да збори наскоро доколку менаџерот не му дозволи да биде прв голман.[6]

Алмунија продолжи со придобивањето на навивачите со низа одлични настапи, при што најсветла точка беше одбраната на пеналот на Роби Кин во Северно лондонското дерби против Тотенхем на Емиратите на 22 декември 2007, со што Арсенал го зачува победоносното водство од 2:1. На 3 април 2008, Алмунија потпиша нов долгорочен договор со Арсенал.[7] По заминувањето на Јенс Леман летото 2008, му беше доделен дресот со број 1 и ја започна сезоната 2008-09 како прв голман на Арсенал, неговиот стар број, 24, му беше доделен на Вито Маноне. Алмунија првпат беше капитен на Арсенал во победата од 5:2 на гостувањето кај турскиот тим Фенербахче во Лигата на Шампионите.

Репрезентативна кариера уреди

Алмунија сè уште нема изиграно ниту еден репрезентативен натпревар. Повеќе од еднаш ја има изразено својата желба да игра за Англија, но само под услов да не добие прво повик од Шпанија.[8] Сепак, сè уште не исполнува услови за настап за Англија сè додека не добие Британско државјанство, кое ќе му биде достапно на 29 декември 2008.

Почести уреди

Арсенал

Белешки уреди

  1. „List of Players under Written Contract Registered Between 01/09/2011 and 30/09/2011“ (PDF). The Football Association. Посетено на 5 October 2012.
  2. „Player Profile“. Watford FC. Архивирано од изворникот на 2016-07-29. Посетено на 12 May 2013.
  3. „Almunia - Primera Division 2002/2003“ (германски и англиски). Weltfussball.de. Посетено на 2008-08-17.
  4. „Almunia - Primera Division 2003/2004“ (германски и англиски). Weltfussball.de. Посетено на 2008-08-17.
  5. „Almunia joins Arsenal“. BBC Sport. 2004-07-14. Посетено на 2007-05-29. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  6. „Lehmann warns Gunners boss“. Sky Sports. 2007-10-23. Посетено на 2008-08-17.
  7. „Almunia agrees Arsenal deal“. Sky Sports. 2008-04-03. Посетено на 2008-08-17.
  8. „Almunia eyes international call“. Sky Sports. 2008-01-16. Посетено на 2008-08-17.

Надворешни врски уреди