Манра (кирибатски: Manra), или порано познат како Сидни Ајленд (Sydney Island), е атол во Кирибати. Атолот е дел од Островите Феникс и има вкупна површина од 4.4 км2. Надморската височина на островот е околу 6 метри. Денес островот не е населен, но во минатото бил населуван на неколкупати.

Сателитска снимка на Манра.
Карта на Островите Феникс.

Историја уреди

За разлика од некои атоли во Островите Феникс, на Манра постојат докази дека атолот во минатото бил населен. Така на пример, на островот има остатоци од платформи и остатоци од градби. Хабајскиот антрополог К.П. Емори тврди дека на островот биле присутни две етнички групи, едните биле Полинезијци, другите Меланезијци.[1]

Манра бил „откриен“ во 1823 година од лондонскиот брод Синди Пакет и во негова чест бил именуван атолот. Со британската колонизација на атолот, на островот биле донесени одреден број жители, 130 работници, и било изградено село со основна инфраструктура.[1] Со падот на колонизацијата, островот бил напуштен, најверојатно во периодот 1958-1963 година.

Галерија уреди

Наводи уреди

  • Maude, Henry Evans: Of islands and men : studies in Pacific history; Melbourne [u.a.] : Oxford University Press, 1968
  • Jones, A. G. E.: Ships employed in the South Seas trade Vol. 1: 1775 - 1861; Canberra 1986 & Vol. 2: 1775 - 1859; Burwood, Vic. [1992]

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди

4°27′S 171°16′W / 4.450° ЈГШ; 171.267° ЗГД / -4.450; -171.267