Мандалионот или Убрус (грчки: μανδύλιον, μανδύη) претставува иконографска слика од платно на која се наоѓа лицето на Исус Христос. Во Западна Европа, платното е познато како Mandylion а во Русија како „Спас Нерукотворный

Икона со Мандалионот.

Источно предание уреди

Според преданието раскажано од страна на црковниот историчар Евсевиј Кесариски, владетелот на градот Едеса Авгар бил болен од лепра. Тој на својот служител во дворот Ананиј му наредил да му донесе слика од Исус Христос за чии натприродни сили бил запознаен веќе претходно. Ананиј го открил каде се наоѓа месијата и се обидел да го наслика но безуспешно. По крајот на проповедењето на Исус, тој го измил своето лице и го избришал со ленена крпа и истата му ја дал на уметникот. На неа бил отпечатен ликот на Исус Христос. Оваа слика се смета дека претставува првата икона создадена во христијанската иконографија.

Ананиј го донел платното на својот владетел. Авгар кога го видел ликот на Исус на платното по кое бил излекуван. Неракотворната икона била залепена на даска и поставена над градската порта во градот. Во 545 година персискиот шах Хоросој го опседнал градот. Мандалионот бил веднаш симнат и сокриен, но епископот на градот добил Откровение според кое градот ќе биде спасен доколку платното повторно биде извадено над портата.

Така, градот не бил преземан од страна на Персија. Во “Хроника“ на Михаил Сириски се раскажува дека во текот на 6 век благородникот Анастасија порачал на некој уметник делото да биде пресликано. Добиеното копие одговарало совршено на оригиналот. Во 944 година, византискиот цар Константин Порфирогенит и Роман I Лакапин го опсадиле градот и посакале Мандалионот да биде предаден преку откуп. Така тој бил пренесен во престолнината Цариград во црквата Света Софија. По преземањето на Цариград од страна на крстоносците во 1204 година, оригиналното платно исчезнало.

Западно предание уреди

Превезот на Вероника уреди

Легендата околу Мандалионот во Западна Европа се појавила во 13 век. Оваа платно е познато како превезот на Вероника. Според најновата верзија, легендата раскажува дека Света Вероника од Ерусалим го сретнал Исус по Виа Долороса на патот кон Голгота. Таа застанала пред него да му го избрише лицето од нејзиниот превез. Така, на превезот се обележела лицето на Исус. Според некои верзии, Вероника подоцна отишла во Рим за да го претстави платното на римскиот цар Тибериј, укажувајќи му дека платното поседува натприродна моќ кое може да ја угаси жедта, да лекува слепи луѓе, а понекогаш дури ѝ да ги оживее мртвите. За платното на Вероника се смета дека се чува во базиликата Свети Петар во Рим.

Торинското платно уреди

Според Евангелието на Јован, Апостол Петар и неговите соверници влегле во гробот на Исус набрзо по неговото воскреснување и го пронашле лененото платно со кое било обвиткано телото на Исус и салфетката која била до неговата глава. Низ историјата голем број на визуелни претставувања се давале за платното со кое било обвиткано телото[1], но ниту едно не е тесно сврзано со Туринското платно. Освен Мандалионот ниту едно претставување на платното или тврдење дека е вистинскот платно не содржи слика на лик. Вакви тврдења за вистинското платно има околу 43. За Мандалионот се потврдило дека содржи слика од лицето на Исус и неговото постоење датира од 16 век. Некои предлагаат поврзаност помеѓу Мандалионот и Туринското платно[2]. За Мандалионот не постои легенда или наговестување дека содржи слика од раскрвавеното и претепаното тело на Исус. За него се верува дека е слика на Исус префрлена на платното додека бил жив. Оваа слика е претставување само на лицето на Исус, не целото тело. Поборниците за теоријата дека Мандалионот е всушност платното на Исус, како што е Јан Вилсон, велат дека секогаш се обвиткувало така само за да се претстави лицето.

Наводи уреди

  1. Humber, Thomas: The Sacred Shroud. New York: Pocket Books, 1980. ISBN 0-671-41889-0
  2. Wilson, pp. 148-175