Манастир „Св. Јован Златоуст“ - Елешница

манастир кај Елешница, Валовишко, Егејска Македонија

Свети Јован Златоуст, Стефан и Олга (грчки: Ιερά Μονή Αγίου Ιωάννου Χρυσοστόμου, Στεφάνου και Όλγας) — женски манастир кај селото Елешница, Валовишко, Егејска Македонија. Влегува во состав на Валовишката епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]

Свети Кирик и Јулита
Αγίου Ιωάννου Χρυσοστόμου
Карта
41°16′4.1″N 23°27′30.6″E / 41.267806° СГШ; 23.458500° ИГД / 41.267806; 23.458500
МестоЕлешница, Валовишко
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Завршена1983
Управа
ЕпархијаВаловишка

Местоположба уреди

Манастирот се наоѓа на 1 км југоисточно над селото и 11 км североисточно од градот Валовишта.[1]

Историја уреди

Основан е во 1983 г. од митрополитот Јован Валовишки и калуѓерките од манастирот „Св. Кирик и Јулита“. Најпрво е изградена двокатна градба, на чие приземје се наоѓа параклисот „Св. Јован Златоуст, Свети првомаченик и архиѓакон Стефан и Света рамноапостолска кнегиња Олга“. На катот се трпезаријата и конаците. Манастирската црква е простран еднокорабен храм, посветен на Свети Јован Златоуст, изграден во 1991 г.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 „Φαιά Πέτρα. Μονή Αγίων Χρυσοστόμου, Στεφάνου και Όλγας“. Φλόγα - Κυρίου. 22 септември 2010. Посетено на 21 март 2020.
  2. „Ιερά Μητρόπολη Σιδηροκάστρου“. Εκκλησία της Ελλάδος. Посетено на 21 март 2020.