Мамутчево

село во Општина Велес

Мамутчево — село во североисточниот дел на подречјето на Општина Велес и реката Отовица атарот на селото се допира до областа Овче Поле, во околината на градот Велес.

Мамутчево

Поглед на Мамутчево од патот за Кумарино

Мамутчево во рамките на Македонија
Мамутчево
Местоположба на Мамутчево во Македонија
Мамутчево на карта

Карта

Координати 41°47′18″N 21°49′45″E / 41.78833° СГШ; 21.82917° ИГД / 41.78833; 21.82917
Регион  ВардарскиПовардарие
Општина  Велес
Население 234 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 29040
Надм. вис. 400 м
Слава Вознесение Христово
Мамутчево на општинската карта

Атарот на Мамутчево во рамките на општината
Мамутчево на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Населбата се наоѓа во североисточниот дел на територијата на Општина Велес, во сливното подрачје на реката Отовица, а нејзиниот атар се допира со областа Овче Поле. Од градот Велес селото е оддалечено околу 10 километри. Населбата е рамничарска, на надморска височина од 400 метри. Атарот зафаќа простор од 10 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 401 ха, на пасиштатата отпаѓаат 526 ха, па затоа селото има полјоделско-сточарска функција.

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948487—    
1953559+14.8%
1961378−32.4%
1971422+11.6%
1981410−2.8%
ГодинаНас.±%
1991356−13.2%
1994351−1.4%
2002331−5.7%
2021234−29.3%

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Мамутчово било село со 45 домаќинства со 117 жители муслимани,[2] а додека според статистиката на Васил К’нчов од 1900 година Махмудчилар е населено со 430 жители, сите Турци.[3]

На етничката карта од 1927 година на Леонард Шулце Јена селото именувано како Махмутчилар (Mahmutčilar) е обележано како турско село.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Турци.[5]

Подоцна турското население на Мамутчево се иселува и според пописот од 2002 година имало 331 жител, сите Македонци.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 234 жители, од кои 218 Македонци, 1 Албанец и 15 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 430 487 559 378 422 410 356 351 331 234
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови уреди

По истражувањата од 1929 година, родови во селото биле:

Турски:

  • Доселеници: Џунделер (15 к.) доселени биле од Велес; Фетилер (20 к.) доселени биле од раселеното село Пупљени. Но постоело и предание по кое тие порано биле еден род со Џунделер; Зоголер (8 к.) доселени биле однекаде; Мемед Али (1 к.) доселени од Чашка; Далиповиќ (1 к.) доселени биле од селото Сојаклари (Јунузбегово).

Српски

Србите биле доселени како колонисти, а кои најверојатно биле иселени од селото од бугарските власти за време на Втората светска војна.

Самоуправа и политика уреди

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 2191 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 239 гласачи.[14]

Култура уреди

Цркви[15]
Археолошки наоѓалишта[17]

Иселеништво уреди

Иселеници Турци од селото има во Турција, каде до 1929 година се иселиле 20 семејства во Одрин, Измир, Бруса, Ерзим Ерзерум. Иселеништвото продолжило со најсилен бран во 50тите од 20 век, па така денес нема Турци во селото.[12]

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 182-183.
  3. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 157.
  4. Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. „Министерство за локална самоуправа. База на општински урбанистички планови“. Архивирано од изворникот на 2008-09-15. Посетено на 2013-01-02.
  7. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. 12,0 12,1 . Филиповиќ, Миленко (1935). Северна велешка села. Белград: Етнографски музеј. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  16. „Осветување на камен - темелник на нова црква“. Повардарска епархија. 6 ноември 2008. Посетено на 2013-01-02.
  17. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски уреди