Мала шлука
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Бекасови
Семејство: Мочварки
Род: Lymnocryptes
F. Boie, 1826
Вид: Мала шлука
Научен назив
Lymnocryptes minimus
(Brunnich, 1764)

Малата шлука (науч. Lymnocryptes minimus) е мала, набиена крајбрежна птица, монотипечен член на родот Lymnocryptes. Се размножува низ северна Евроазија, а зимува на атлантскиот и средоземниот брег во Европа, во Африка и Индија. Оваа птица ја има и во Македонија.

Опис уреди

Возрасните птици се помали од шлуката бекасина и имаат релативно пократок клун. Долги се 18-25 см, имаат распон на крилјата 30-41 см и тежат 33-73 грама.[2] Телото одозгора е шарено со кафеви бои, а одоздола светло. Имаат црна линија низ окото. Крилјата се тесни и зашилени, а жолтите линии на грбот се видливи при лет.

Шарата на главата кај малата шлука се разликува од останатите од нејзиниот род. Таа нема централна линија, туку има две светли странични линии на круната, кои се раздвоени со темно перје.

Живеалиште и поведение уреди

Малата шлука е птица преселница чие живеалиште за време на размножувањето се мочуриштата, блатата, тундрата и влажните ливади со ниска растителност.

 
Lymnocryptes minimus - Јајце

Птицата е таинствена и тешка за набљудување во областите вон сезоната на парење, добро камуфлирана во животната средина. Затоа, набљудувачите на птици развиле посебна техника за да ги пронајдат, која се состои од одење низ мочурливото живеалиште додека птицата не полета нагоре. Тие потоа ќе се вратат долу и нема да се помрднат од скривалиштето додека натрапникот не дојде сосема близу. Тивко и кратко ќе летнат пред повторно да се вратат назад во растителноста.

Исхрана уреди

Малата шлука пасе и копка по меката кал, истражувајќи и собирајќи ја храната што ќе ја види. Претежно јаде инсекти, црви, но и растенија.

Размножување уреди

Мажјакот изведува додворувачко летање при кое испушта звуци како коњ во галоп. Инаку, се тивки птици. Гнездото го сместуваат на добро скриено место на земја и несат 3-4 јајца.

Статус уреди

На малата шлука се однесува Договорот за заштита на африканско-евроазиските водни птици-преселници.

Наводи уреди

  1. BirdLife International (2012). Lymnocryptes minimus. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  2. CRC Handbook of Avian Body Masses by John B. Dunning Jr. (Editor). CRC Press (1992), ISBN 978-0-8493-4258-5.

Надворешни врски уреди