Мала Црцорија

село во Општина Крива Паланка

Мала Црцорија — село во областа Славиште, во Општина Крива Паланка, во околината на градот Крива Паланка.

Мала Црцорија

Поглед на селото Мала Црцорија

Мала Црцорија во рамките на Македонија
Мала Црцорија
Местоположба на Мала Црцорија во Македонија
Мала Црцорија на карта

Карта

Координати 42°17′29″N 22°21′3″E / 42.29139° СГШ; 22.35083° ИГД / 42.29139; 22.35083Координати: 42°17′29″N 22°21′3″E / 42.29139° СГШ; 22.35083° ИГД / 42.29139; 22.35083
Регион  Североисточен
Општина  Крива Паланка
Област Славиште
Население 33 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1334
Повик. бр. 031
Шифра на КО 15030
Надм. вис. 1.009 м
Мала Црцорија на општинската карта

Атарот на Мала Црцорија во рамките на општината
Мала Црцорија на Ризницата

Географија и местоположба уреди

 
Куќа во селото

Селото се наоѓа во областа Славиште, во источниот дел на територијата на Општина Крива Паланка, чиј атар се допира со државната гранична линија со Бугарија.[2] Селото е планинско и раштркано, чии маала се наоѓаат на надморска височина над 1.000 метри. Од градот Крива Паланка е оддалечено 12 километри.[2]

Мала Црцорија е сместена во долина во близина на македонско-бугарската граница, во непосредна близина на соседното село Голема Црцорија. Други околни села се Добровница на југозапад и Жеравина на североисток (Босилеградско, Бугарија).[3]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Ширина, Вели Врв, Градиште (кај маалото Бошковци), Драгосарје, Бочевци, Преслап, Црцорковци, Китка, Голем Врв, Честак и други.[3]

Селото има разбиен тип. Се разликуваат вкупно 8 маала. Во секое маало живеат членови на истоимените родови.[3]

Селото Мала Црцорија се наоѓа северно од градот Крива Паланка. На исток се граничи со селото Трново, на југ со селата Киселица и Добровница, на запад со селото Голема Црцорија и на север со Општина Ќустендил, Бугарија.

Историја уреди

Во атарот на селото постојат старини на повеќе месности. Биле пронајдени големи земјени ќупови.[3]

Постои верување дека селата Мала и Голема Црцорија биле основани од два браќа. Постариот се населил во Голема Црцорија, додека помалиот отишол во Мала Црцорија. Браќата, Мал и Голем Црцорко, се доселили негде од Србија. Во турско време, атарот на Голема Црцорија го држеле самите селани, додека атарот на Мала Црцорија бил чифлик.[3]

Мала и Голема Црцорија во основа имаат ист број на домаќинства. Меѓутоа, Мала Црцорија го добила своето име поради тоа што нејзе ја основал помалиот брат. Поради тоа што земјата во Мала Црцорија е порамна и пониска, во турско време селото било чифлик.[3]

Во XIX век, Мала Црцорија било село во Кривопаланечка каза на Отоманското Царство.

Стопанство уреди

 
Куќи во селото

Атарот зафаќа простор од 12,1 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 518 хектари, на пасиштата отпаѓаат 358 хектари, а на шумите 276 хектари.[2]

Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.[2]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948545—    
1953550+0.9%
1961428−22.2%
1971372−13.1%
1981259−30.4%
ГодинаНас.±%
1991134−48.3%
1994149+11.2%
2002112−24.8%
202133−70.5%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Мала Црцорија имало 350 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Мала Црцорија имало 520 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 550 Македонци.[6]

Поради иселувањето на населението, селото преминало од средно во мало село. Тоа, во 1961 година броело 418 жители, додека во 1994 година 149 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Мала Црцорија живееле 112 жители, сите Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 33 жители, од кои 31 Македонец и 2 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 350 520 545 550 428 372 259 134 149 112 33
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови уреди

Мала Црцорија е македонско православно село, родовите во селото се доселенички. Основачот на селото, Мал Црцорко, потекнува некаде од Србија. Родови во селото има колку маала и тоа се:[3]

  • Бошковци (14 к.), Белавинци (9 к.), Чифлижани (9 к.), Пикљанци (8 к.), Јанковци (6 к.), Радевци (3 к.), Малечканци (3 к.) и Мутевци (3 к.).

Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се:[13]

  • Староседелци: Боќевци (2 к.), Радевци (4 к.) и Шипкарци (2 к.).
  • Доселеници: Буљубаши (2 к.), доселени се однекаде; Мутевица (2 к.), доселени се од околината на Врање во Србија; Белавинци (17 к.), доселени се околу 1785 година од селото Враца западно од Ќустендил во Бугарија; Пикљанци (4 к.) и Ровелците (5 к.), доселени се од некое место во Албанија. Најпрво во Мождивњак, па во Мала Црцорија; Јанковци (17 к.), доселени се околу 1825 година од Церовица кај Ќустендил во Бугарија; Аризановци (3 к.) и Спасевци (3 к.), доселени се од споменатото село Враца кај Ќустендил; Ицковци (2 к.), доселени се од околината на Врање во Србија; Бошковци (14 к.), доселени се околу 1843 година од селото Сланошница близу Ќустендил во Бугарија; Цековци (3 к.), доселени се од селото Црвен Дол, северно од Ѓуешево во Бугарија и Атанасовци (2 к.), доселени се во 1833 година од селото Добровница, таму припаѓале на родот Србиновци.

Самоуправа и политика уреди

Селото влегува во рамките на Општина Крива Паланка, која била една од малкуте општини, кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Добровница, во која покрај селото Мала Црцорија, се наоѓале и селата Голема Црцорија, Добровница, Луке, Крстов Дол и Подржи Коњ. Општината Добровница постоела и во периодот 1950-1952, кога влегувале селата Голема Црцорија, Добровница, Крстов Дол и Мала Црцорија.

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 0977 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватен објект.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 68 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости уреди

Археолошки наоѓалишта[16]

Редовни настани уреди

Личности уреди

Родени во Мала Црцорија

Иселеништво уреди

Од селото имало големо иселување помеѓу двете светски војни, а продолжило и по Втората светска војна.[3]

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 188. Посетено на 5 јули 2019.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Трифуноски, Јован (1973). Кривопаланачка област. Загреб: Хрватска академија на науките и уметностите. стр. 257–258.
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 224.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 142-143.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 5 јули 2019.
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. Величковски, Драган (2009). Славишки Зборник Бр.1. Крива Паланка: Градски Музеј - Крива Паланка.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 5 јули 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 5 јули 2019.
  16. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди