Мала Река (притока на Радика)

Мала Река — река во западна Македонија, лева и најголема притока на реката Радика (Голема Река). Се создава на височина од 966 м од водите на Гарска и на Тресонечка Река.

Мала Река
Местоположба
Физички особености
УстиеРадика
 • надм. вис.
606 м
Должина21,3 км
Особености на сливот
ТечениеРадикаЦрн ДримЈадранско Море

Мала Река претставува збирно име за сите реки од подрачјето на планините Бистра и Стогово.

Преглед уреди

Извира од планината Бистра на височина од 1.728 м, а се влева на височина од 606 м. Вкупната должина на речниот тек изнесува 21,3 км, има вкупен пад од 1.122 м и просечен пад од 52,7 ‰. Сливот зафаќа површина од 200,1 км2. Средногодишниот проток изнесува 6,71 м3/с. Најголем средномесечен протек од 17,1 м3/с се јавува во мај, а најмал од 1,68 м3/с во септември.[1]

Воден потенцијал уреди

Поради нејзиниот голем воден потенцијал како збирна река за сите реки и водотеци во подрачјето на малореканскиот крај била предвидена изградба на хидроелектричната централа „Бошков Мост“, чија хидроцентрала би требало да се наоѓа во близина на самиот влив на Мала Река во Радика.[2]

Елен Скок уреди

Како главна културна знаменитост на реката се смета познатиот лачен мост Елен Скок, кој се наоѓа на реката, во близина на селото Могорче. Во близина на мостот постои уреден простор со клупи и видиковци до кој може да се пристапи од регионалниот пат кој е долж реката.

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. Драган Василевски, Радика, „Напредок“, Тетово, 1997
  2. „ХЕ „Бошков Мост" (PDF). Електрани на Македонија. Посетено на 16 ноември 2015.

Надворешни врски уреди

41°33′01″N 20°36′51″E / 41.55028° СГШ; 20.61417° ИГД / 41.55028; 20.61417