Македонско-грчка граница

граница помеѓу Македонија и Грција

Македонско-грчка границадржавна граница помеѓу Македонија и Грција долга 262 км, која може да се претстави како граница помеѓу Вардарска и Егејска Македонија. Источниот крај од границата воедно се граничи со Пиринска Македонија, додека пак западниот и со Мала Преспа во Албанија — обете македонски подрачја.

Тромеѓата недалеку од островот Голем Град во Преспанското Езеро — западниот крај на границата. Тука е границата Македонија-Грција-Албанија.
Тромеѓникот на врвот Тумба на Беласица — источниот крај на Границата. Тука е границата Македонија-Грција-Бугарија.
Граничниот премин Меџитлија-Негочани

Историја уреди

Денешната граница е утврдена со Букурешкиот договор од 1913 г. кога на Грција ѝ е доделена цела јужна (Егејска) Македонија, по што во следниот период стапило масовно етничко чистење и асимилација на македонското население, како и негово заменување со доведени Грци од Азија. Сепак, и денес голем дел од населението во многу подрачја останува македонско.

Претходната и вистинска македонско-грчка граница е исцртана со Цариградскиот договор од 1881 г. со кој отоманската држава му ги отстапила на Кралството Грција Тесалија и јужен Епир, а Македонија останала цела, во состав на Отоманското Царство.[1]

Опис на границата уреди

Границата се протега во напореднички правец исток-запад и пресекува 3 гранични премини, 5 планини, 4 котлини, 2 езера и најголемата македонска река — Вардар. Од тромеѓниот врв Тумба, во напореднички правец границата минува по сртот на планината Беласица, од каде се спушта и ги сече Дојранско Езеро, автомобилскиот пат Стар Дојран-Кукуш и граничниот премин Дојран. Границата продолжува и ја пресекува Гевгелиско-валандовската Котлина, меѓународниот патен правец Е75 и реката Вардар, како и меѓународната железничка линија Гевгелија - Сехово (Идомени) - Солун, како и автомобилскиот граничен премин Богородица. Движејќи се кон запад границата се искачува на планината Кожуф и минува преку високите планински врвови Зелен Брег (2.171 м) и Дудица (2.132 м), а потоа се спушта на пониската планина Козјак, и од тука се искачува на планината Ниџе, која ја пресекува заедно со највискиот врв Кајмакчалан (2.520 м). Оваа граница ја пресекува и најголемата македонска котлина, Пелагонија, заедно со автомобилскиот пат Битола - Лерин и граничниот премин Меџитлија, како и железничката пруга, заедно со граничниот премин Кременица (кој е затворен). Од пелагониското рамниште границата се искачува на Баба Планина пресекувајќи ја заедно со врвот ’Ржана (2.334 м). Оттука границата повторно се спушта, но сега во Преспанската Котлина, односно го пресекува Преспанско Езеро во напореднички правец сè до тромеѓата помеѓу Македонија, Грција и Албанија.

Гранични премини уреди

Патни премини уреди

 
Македонски пункт
Општина  
Грчки пункт
Округ Македонски патишта Грчки патишта Состојба
Богородица Гевгелија Мачуково
(Евзони)
Кукуш   Автопат А1

  Европски пат Е75

  Автопат А1

  Државен пат ЕО1

  Европски пат Е75

отворен
Меџитлија Битола Негочани
(Ники)
Лерин   Автопат А3

  Европски пат Е65

  Автопат А27

  Државен пат ЕО3

  Европски пат Е65

отворен
Дојран Дојран Дојран
(Дојрани)
Кукуш   Регионален пат Р1105   Државен пат ЕО65 отворен

Железнички премини уреди

 
Македонски пункт
Општина  
Грчки пункт
Округ Линија Прва станица во Македонија Прва станица во Грција Состојба
Богородица Гевгелија Мачуково
(Евзони)
Кукуш Скопје - Солун ЖС „Гевгелија“ ЖС „Сехово“ (Идомени) отворен

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Цариградската конференција со вовед на англиски и полн текст на француски

Надворешни врски уреди