Македонски парламентарни избори (2020)

парламентарни избори во Македонија

Македонски парламентарни избори (2020)десетти по ред парламентарни избори во Македонија, одржани на 15 јули 2020 година.

Македонски парламентарни избори (2020)
Македонија
2016 ←
15 јули 2020 → 2024
→ Список на пратеници избрани на македонските парламентарни избори (2020)

120 мандати во Собранието
61 места за мнозинство
  Прва партија Втора партија Трета партија
 
Водач Зоран Заев Христијан Мицкоски Али Ахмети
Партија СДСМ/Беса ВМРО-ДПМНЕ ДУИ
Припадност Можеме Обнова на Македонија
Водач од 2013 2017 2002
Последни избори 49 места 51 место 10 места
Освоени места 46 44 15
Промена во местата 8 7 5

  Четврта партија Петта партија Шеста партија
 
Водач Зијадин Села Димитар Апасиев Мендух Тачи
Партија АА/Алтернатива Левица ДПА
Припадност Време е!
Водач од 2016 2020 2007
Последни избори 3 места 0 места 2 места
Освоени места 12 2 1
Промена во местата 9 2 1

Резултати од изборите по изборни единици
     СДСМ/Беса      ВМРО ДПМНЕ      ДУИ

     АА/Алтернатива      ДПА      Левица


премиер пред изборите

Оливер Спасовски(*)
СДСМ

Избран за премиер

Зоран Заев
СДСМ

Заднина уреди

Претходните парламентарни избори се одржале во декември 2016 година, на кои ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Никола Груевски, освоила најголем број гласови. Изборите во 2016 година биле предвремени поради политичка криза во Македонија, која започнала во 2015 година. Груевски не успеал да ја формира владата во предвидениот рок. По рекорден 171 ден од изборите, поради несогласување на претседателот Ѓорге Иванов, дури на 31 мај 2017 година била формирана новата македонска Влада, на чело со Зоран Заев, водач на СДСМ.

Меѓу главните заложби на владата на Зоран Заев било членството на земјата во меѓународните политички и безбедносни организации ЕУ и НАТО. Како услов за влез на Македонија во нив, во 2018 година бил постигнат Преспанскиот договор со Грција за решавање на спорот за името Македонија, што допира идентитетски прашања, согласно кој, меѓу другото, Република Македонија го смени своето име во Република Северна Македонија. Протоколот за членство во НАТО бил потпишан од Алијансата на 6 февруари 2019 година, проследен со процес на поединечна ратификација од секоја земја-членка.[1]

Изборите во 2020 година според нивниот редовен датум требале да се одржат на 11 декември, но најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Христијан Мицкоски, се обидувала од есента 2019 година тие да се одржат пред време.[2] Заев, пак, прво сметал дека изборите треба да бидат редовни, оценувајќи дека периодот пред редовниот датум на изборите е „економски драгоцен за целата трансформација“.[3]

Клучен за одлуката за предвремени избори бил состанокот на Европскиот совет одржан на 17 и 18 октомври 2019 година кога земјите-членки на ЕУ не одредиле датум за пристапни преговори за Македонија и Албанија.[4] Два дена подоцна се одржала средба на водачите на македонските парламентарни политички партии заедно со претседателот Стево Пендаровски, каде било одлучено да се одржат предвремени избори на 12 април.[5]

Преодната влада што требала да ги спроведе изборите била избрана на 3 јануари, сто дена пред првиот закажан датум за избори, согласно Пржинскиот договор, и истата ја предводел Оливер Спасовски.[6] Иако било предвидено распуштање на Собранието 60 дена пред изборите, тоа се случило на 16 февруари, a во меѓувреме биле изгласани Законот за јавно обвинителство и Законот за одбрана.[7]

Во периодот пред предвремените избори, Македонија била погодена од пандемијата на коронавирус, поради што изборите не се одржале на закажаниот датум во април. На 16 јуни, претседателот на Собранието Талат Џафери потпишал решение за одржување на парламентарните избори на 15 јули.[8]

Резултати уреди

Партија Гласови % Мандати +/–
Коалиција „Можеме“ (СДСМ, Беса и останати) 327.408 35,89 46 8
Коалиција „Обнова на Македонија“ (ВМРО-ДПМНЕ и останати) 315.344 34,57 44 7
ДУИ 104.699 11,48 15 5
Алијанса за АлбанцитеАлтернатива 81.620 8,95 12 9
Левица 37.426 4,10 2 2
ДПА 13.930 1,53 1 1
Интегра 12.291 1,35 0 нова партија
ГДУ 3 555 0,39 0 нова партија
МОРО-Работничка партија 3.245 0,36 0
Глас за Македонија 2.802 0,31 0 нова партија
Единствена Македонија 2.604 0,29 0
СДУ (Македонски Концепт) 2.585 0,28 0
Твоја 1.894 0,21 0
Демократи 1.558 0,17 0 нова партија
НПР 1.225 0,13 0 нова партија
Неважечки гласови 31.564
Вкупно 943.748 100 120
Регистрирани гласачи 1.814.263 52,0
Извор: ДИК Архивирано на 15 јули 2020 г.

Резултати по изборни единици уреди

Изборна единица СДСМ/Беса ВМРО-ДПМНЕ ДУИ Алијанса за Албанците Левица ДПА
Изборна единица Седишта Гласови % С Гласови % С Гласови % С Гласови % С Гласови % С Гласови % С
Изборна единица 1 20 54.618 34,16% 8 50.564 31,63% 7 19.488 12,19% 2 14.337 8,97% 2 12.000 7,51% 1 1.966 1,23% 0
Изборна единица 2 20 47.891 31,21% 7 47.929 31,24% 7 22.374 14,58% 3 20.912 13,63% 3 5.896 3,84% 0 1.858 1,21% 0
Изборна единица 3 20 66.853 42,81% 9 71.551 45,82% 10 3.331 2,13% 0 992 0,64% 0 6.939 4,44% 1 242 0,15% 0
Изборна единица 4 20 77.195 46,76% 10 74.478 45,11% 10 293 0,18% 0 213 0,13% 0 6.835 4,14% 0
Изборна единица 5 20 56.622 36,67% 8 55.159 35,72% 8 21.745 14,08% 3 10.716 6,94% 1 4.715 3,05% 0 781 0,51% 0
Изборна единица 6 20 24.229 19,67% 4 15.663 12,71% 2 37.468 30,41% 7 34.450 27,96% 6 1.041 0,84% 0 9.083 7,37% 1
Македонија 327,408 35.89% 46 315,344 34.57% 44 104,699 11.48% 15 81,620 8.95% 12 37,426 4.1% 2 13,930 1.53% 1

Наводи уреди

  1. „НАТО го потпиша Протокол за членство на Македонија“. Телма. 6 февруари 2019. Посетено на 16 март 2020.
  2. „Утре водачка Заев - Мицкоски: Закон за ЈО и предвремени избори“. Радио Слободна Европа на македонски јазик. 9 септември 2019. Посетено на 16 март 2020.
  3. „Опозицијата бара предвремени избори, власта не дава“. Радио Слободна Европа на македонски јазик. 12 октомври 2019.
  4. „Реакции за датумот- разочарување, жалење, отворање врата за Москва и Пекинг“. Радио Слободна Европа на македонски јазик. 18 октомври 2019. Посетено на 16 март 2020.
  5. Калински, Владимир (20 октомври 2019). „Македонските водачи го потврдија европскиот пат - избори на 12 април“. Радио Слободна Европа на македонски јазик. Посетено на 16 март 2020.
  6. „Собранието ја изгласа техничката влада на Оливер Спасовски“. Сакам Да Кажам. 3 јануари 2020. Посетено на 17 март 2020.
  7. „Се распушти Собранието, избори на 12 април“. Сакам Да Кажам. 16 февруари 2020. Посетено на 17 март 2020.
  8. „Џафери го потпиша решението за распишување предвремени избори на 15 јули“. Макфакс. 16 јуни 2020. Посетено на 18 јуни 2020.