Македонскиот крст, познат и како вељушки крст, претставува варијација на христијанскиот крст, воглавно поврзан со Македонија и е симбол на Македонската православна црква. овој симбол всушност е раскошна двочленска плетеница со претстава на орнаментиран украс во форма на крст. Бидејќи крстот е симбол на МПЦ-ОА, тој е претставен и на црковниот грб, односно на бордурата на плашт, која е исполнета исполнета со 33 претстави на овој крст. Овој крст е и главен симбол на Столната медаља на Светиот македонски крст.[1]

Македонскиот крст

Историја уреди

За првпат крстот бил прикажан на главната манастирска црква „Св. Богородица Елеуса“ во Вељушкиот манастир. Се знае дека црквата „Пресвета Богородица Елеуса“ е изградена во 1085 година и дека нејзин ктитор бил Емануил, тогашниот епископ струмички. Непознатиот мајстор го соѕидал крстот на фасадата со малечки црвени тули, така што тој во основата го има квадратот чии четири страни претставуваат основа на која е направен крст со страници со иста должина. Овој крст е првиот христијански симбол од Македонија што доживеал меѓународна афирмација како Македонски крст. Афирмацијата дошла преку фалеристички организации од повеќе земји, највеќе по промоција на крстот на медалите со кои МПЦ одликувала дваесетина истакнати личности. Фалеристичките организации што се занимаваат со проучување на одликувањата, без каква и да е забелешка прифатиле оригиналниот крст да се нарекува Македонски крст. Во почетокот овој крст бил симбол за манастирот и Струмичката епархија, но подоцна сè повеќе се наоѓал во црковна употреба и станал општ симбол на Црквата во Македонија. Повеќе земји со доминантно христијанска вероисповед имаат специфични крстови, кои се нарекуваат според името на земјата или на градовите. Такви, на пример, се Руски крст, Грчки крст, Римски крст, Ерусалимски крст.[2] И македонскиот крст го наоѓа своето место во христијанскиот свет. Познато е дека црквата Пресвета Богородица Елеуса е изградена во 1085 година и дека нејзин ктитор бил Мануил, тогашниот епископ на Тиверопол. Кон крајот на XIX и почетокот на XX век македонскиот револуционер и учител Георги Трајчев од Прилеп ги запишува локалните преданија, според кој манастирот бил основан од учениците на Кирил и Методиј, а самиот Методиј проповедал десет години по долината на Бела Река која ги соединува Вељуса и Водоча. На мермерна плоча над влезната врата постои натпис на кој пишува: „Се возобнови од основа овој храм на пресветата Богородица Милостива од монахот Мануел, кој стана епископ на Тиверопол. Во година 1088 г. Непознат мајстор со малечки црвени тули го вѕидува крстот на фасадата на црквата на квадратна основа.

Во Македонија, орнаментиката е често присутна за естетско украсување во македонските цркви, црковни книги и сл. Тоа се ритмички композиции од линеарно-геометриски слики или мотиви земени од природата. Овој стил кој се развива во македонските црковни центри се разликува од уметноста која се развива во бугарската, српската или руската школа, а за која ќе говориме во посебна статија. Меѓутоа, бугарската пропаганда е дотаму стигната, кога треба да се докаже бугарскиот карактер на Македонија. Во 1994 година е објавена книгата „Бугарските народни крстови“ од Иван Енчев - Видју (1882 - 1936). Тој е бугарски илустратор, уметник, археолог етнограф, уметнички критичар и писател, кој своите истражувања на почетокот на XX век ги прави не само на територијата на Бугарија, туку и во Северна Добруџа, Пиринска и Вардарска Македонија, територии надвор од бугарските граници. Негова цел е докажување на единствени стилски особености на крстовите и единството на бугарската народна култура на целата историско-етничка територија Бугарија, кој според нив нормално припаѓа и територијата на Македонија. Притоа не води сметка за различностите, а неговите текстови се еднотипни: каде се наоѓаат крстовите, краток опис на нивната намена, од кога датира, големина, датум на цртежот (акварел, цртеж со мастило, фотографија). Цртежите се јасни и се добива јасна претстава за бројните варијации на крстовите на народната уметност. Најголем дел од неговото истражување на бугаринот И. Енчев зафаќаат крстовите на надгробните споменици, камени, дрвени, а исто крстови од ковано железо, фрески, везени украси и сл. Овде накратко би се осврнале на народниот крст кој се сретнува на црквите, надгробните споменици и везовите на територијата на Македонија.[3]

Наводи уреди

  1. markukule.mk
  2. Горгевски, Бранко (13 април 2008). „Македонскиот крст од Велјуса доби благослов“. Дневник. Архивирано од изворникот на 2012-02-08. Посетено на 2012-04-06.
  3. „Македонски крст“. Македонска нација. Посетено на 2020-05-27.

Надворешни врски уреди

Галерија уреди