Магдебуршка катедрала

Катедрала Магдебург (германски: Magdeburger Dom), официјално наречена Катедрала на светците Морис и Катерина (германски: Dom zu Magdeburg St. Mauritius und Katharina), е протестантска катедрала во Германија и најстарата готска катедрала во земјата. Таа е протокатедрала на некогашната архиепископија во Магдебург. Денес е главна црква на Евангелската црква во Централна Германија. Една од нејзините кули е висока 99,25   м, а другата 100,98   м, што ја прави една од највисоките катедрали во Источна Германија. Катедралата е исто така едно од главните обележја на Магдебург, главниот град на Бундесленд на Саксонија-Анхалт, а исто така е и дом на гробот на царот Ото Први Велики.

Магдебуршка катедрала
Magdeburger Dom
Карта
52°07′29″N 11°38′04″E / 52.12472° СГШ; 11.63444° ИГД / 52.12472; 11.63444Координати: 52°07′29″N 11°38′04″E / 52.12472° СГШ; 11.63444° ИГД / 52.12472; 11.63444
МестоМагдебург
ЗемјаГерманија
ВероисповедЛутеранство
Претходен вероисповедКатолицизам
Архитектура
СтилГотска архитектура
Завршена1520

Првата црква била изградена во 937 година на местото на денешната катедрала која била посветена на св. Морис. Денешната катедрала била изградена во период од 300 години, почнувајќи од 1209 година, а кулите биле завршени во 1520 година. И покрај тоа што постојано била ограбувана, катедралата Магдебург е богата со уметнички дела, почнувајќи од антиквитети до модерна уметност.[1]

Наводи уреди

  1. „History of Magdeburg Cathedral“. sacred-destinations.com. Посетено на 27 јануари 2021.