Луопан е кинески магнетен компас, познат и како фенг шуи компас. Го користат фенг шуи консултантите за да го одредат правецот за градба на домот или друг објект. Се користи за потребите на фенг шуи откако е откриен компасот.[1]

Луопан - компас што се користи за фенг шуи

Портал:Таоизам


 

Изглед и функција уреди

Како и конвенционалниот компас, луопан ги дава правците во просторот, но се разликува во неколку важни нешта. Најочигледната разлика е што содржи концентрични кругови кои ги содржат формулите за фенг шуи. Тоа се еден метален прстен познат како „небесен бројчаник“ кој е поставен врз дрвена основа позната како „земјена плоча“. Небесниот бројчаник ротира слободно врз земјената плоча.

Црвената линија која прави крст од 90 степени врз небесниот бројчаник и земјената плоча се нарекува „Црвена линија на небесниот центар“.[2] Оваа линија се користи за да се изнајде правецот и да се забележи позицијата на прстените. Сите овие елементи заедно (земјената плоча, небесниот бројчаник и црвениот небесен крст) се дел од геометрискиот дијаграм кој се користи уште од времето на „Завојуваните држави“.[3]

Конвенционалниот компас ги покажува четирите основни правци и нивните меѓу-правци, додека луопан покажува 24 правци. Во превод – ги покажува секои 15 степени од кругот, или тоа значи дека секој степен на луопан покажува приближно еден ден.

Иглата на луопан не е свртена да го покажува север, туку е наместена така што го дава југ. Ова е затоа што кинескиот збор за „компас“ во превод значи „игла свртена кон југ“.

Видови на луопан уреди

Постојат три типа на луопан од времето на династијата Минг. Сите тие имаат прстен со формули и покажуваат 24 правци.

  • Сан Хе – овој вид на луопан се користел во времето на династијата Танг.[4] Содржи три основни прстени со 24 правци, а секој прстен е наместен според друг метод и формула. (Методите на фенг шуи кои се познати како „Трите хармонии“ се методи на Сан Хе).
  • Сан Јуан, исто така е познат и како „И Пан“, заради присуството на тријаграмите од „И Чинг“.[4] Содржи многу формули, но и прстен за 64-те тријаграми. Техниките познати како „Летечки ѕвезди“ се дел од методите на Сан Јуан.
  • Зонг Хе е комбинација на претходните два вида луопан.

Секој фенг шуи мајстор може да создава луопан според методите кои ги користи. Постојат и други видови на луопан кои ги содржат на пример броевите гуа, правците за осумте куќи, како и некои англиски еквиваленти.

Наводи уреди

  1. Wallace H. Campbell. Earth Magnetism: A Guided Tour Through Magnetic Fields. Academic Press, 2001.
  2. Cheng Jian Jun and Adriana Fernandes-Gonçalves. Chinese Feng Shui Compass: Step by Step Guide. 1998:25
  3. Mark Kalinowski. The "Xingde" Texts from Mawangdui. "Early China" 23-24. 1998-99:125-202
  4. 4,0 4,1 Cheng Jian Jun and Adriana Fernandes-Gonçalves. Chinese Feng Shui Compass: Step by Step Guide. 1998:21

Надворешни врски уреди