Луис Фиго (португалски: Luís Filipe Madeira Caeiro Figo) (4 ноември 1972, Лисабон, Португалија) - португалски поранешен фудбалер, играч од средниот ред.

Луис Фиго
Фиго во Техеран во 2015
Лични податоци
Полно име Луис Филипе Мадејра Каеиро Фиго
Роден на 4 ноември 1972(1972-11-04)(51 г.)
Роден во Алмада, Португалија
Држава Португалија Португалија
Висина &100000000000001800000001,80 м[1]
Играчки податоци
Позиција среден ред
Повлекување 2009 (36 г.)
Младинска кариера
Ос Пастилхас
1984–1989 Спортинг Лисабон Спортинг Лисабон
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1989–1995 Спортинг Лисабон Спортинг Лисабон 137 (16)
1995–2000 Барселона Барселона 172 (30)
2000–2005 Реал Мадрид Реал Мадрид 164 (38)
2005–2009 Интер Интер 105 (9)
Репрезентација
1988–1989 Португалија Португалија 16 15 (8)
1989 Португалија Португалија 17 6 (2)
1988–1990 Португалија Португалија 18 21 (8)
1990–1991 Португалија Португалија 20 12 (0)
1991–1994 Португалија Португалија 21 7 (0)
1991–2006 Португалија Португалија 127 (32)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари.
† Учества (Голови).

Во својата кариера долга 20 години тој играл за Спортинг Лисабон, Барселона, Реал Мадрид и Интер, пред да е пензионира на 31 мај 2009 година. Фиго има 127 настапи за португалската репрезентација, и долго бил сопственик на рекордот за најмногу настапи за репрезентацијата, пред да биде престигнат од Кристијано Роналдо во 2016.

Познат по својата креативност и дриблинг, Фиго бил сметан за еден од најдобрите фудбалери во неговата генерација.[2][3] Неговите 106 асистенции претставуваат втор најдобар резултат во Примера Дивисион, после Лионел Меси.[4] Тој ја освоил златната топка во 2000 година и бил избран за Играч на годината според ФИФА во 2001 година, а во 2004 година Пеле го вброил во ФИФА 100, списокот на најдобрите живи фудбалери во светот.[5] Фиго е еден од ретките фудбалери кој играл во Ел Класико и за двете страни; Барселона и Реал Мадрид. Неговиот контроверзен трансфер во 2000 година од Барселона во лутиот соперник Реал Мадрид за 62 милиони евра бил едно време најскапиот трансфер во историјата на фудбалот.[6]

Во својата успешна кариера Фиго освоил многу трофеи од кои меѓу најважните се: Лигата на шампионите со Реал Мадрид во сезоната 2001-2002, Купот на победниците на куповите со Барселона, четирите титули во шпанското првенство (две со Барселона и две со Реал Мадрид) и четирите титули во италијанската Серија А со Интер.

Животопис уреди

Фиго е оженет со моделот Хелен Сведин, со која имаат три деца: Даниела, Стела и Мартина.

Кариера уреди

Клупска кариера уреди

Фиго ја започнал својата кариера во малиот клуб Пастиљас од Кова да Пиедаде, каде што живеел.[7] Наскоро тој го привлекол вниманието на Спортинг Лисабон, кој го побарале да игра за нивната екипа од училишна возраст во 1984 година.[7] Тој официјално му се приклучил на Спортинг следната година кога имал 12 години.[8]

Своето деби за првиот тим на Спортинг го имал на 1 април 1990 година, во натпревар против Маритимо.[7] Во 1989 година, уште пред да дебитира за Спортинг, Фиго го освоил својот прв трофеј откако со репрезентацијата го освоил Европското првенство за играчи под 16 години. Две години подоцна тој го освоил и Светското првенство за играчи под 20 години, победувајќи го Бразил во финалето, а во португалската репрезентацијата покрај Фиго тогаш играле уште и Руи Кошта и Жоао Пинто. Својот прв и единствен трофеј со Спортинг го освоил во Купот на Португалија во 1995 година, за време на неговата последна сезона во клубот пред заминувањето во странство.

Во летото 1995 година, Фиго бил интересен за голем број европски екипи па со самото имал можност самиот да ја одбере најдобрата опција, меѓутоа поради дилема дали да се приклучи на Јувентус или на Парма, тој потпишал договор со двата клуба, и бил казнет на две години без да може да игра во Италија. Ситуацијата натаму се решила така што Фиго потпишал за Барселона во трансфер вреден 2,25 милиони фунти. По првата сезона во Барселона која ја завршил без освоен трофеј, својот прв трофеј со каталонците го освоил во Суперкупот на Шпанија 1996, во кој Барселона била подобра од шпанскиот шампион од претходната сезона Атлетико Мадрид со вкупен резултат 6-5. Истата сезона Барселона на крилата на Фиго и на Роналдо го освоила Купот на победниците на куповите,[9] а следната сезона дошла и титулата во Примера Дивисион каде тој бил дел од силниот напад на Блауграна заедно со Ривалдо и Патрик Клајверт.

Во јули 2000 година, Фиго се преселил во лутиот соперник на Барселона, Реал Мадрид, за 62 милиони евра што тогаш претставувал најскап трансфер.[10] Со доаѓањето на Фиго во Мадрид, во клубот започнала ерата на Галактикосите, затоа што покрај Фиго за Реал во тоа време играле и други големи светски фудбалски ѕвезди како Зинедин Зидан, Роберто Карлос, Дејвид Бекам, Раул Гонсалес и така натаму.[11] Во првата сезона во Реал, тој го освоил шпанското првенство по третпат во својата кариера, а во втората сезона во клубот ја освоил титулата во Лигата на шампионите која му недостасувала во личната колекција на трофеи.[12] Во финалето одиграно на Хемпден Парк во Глазгов, кралевите го победиле Бајер Леверкузен со 2-1, а Фиго играл до 61-вата минута кога бил заменет од Стив МекМанаман.[13] Последователно тој му помогнал на клубот да ги освои Суперкупот на УЕФА со победа од 3-1 над Фејенорд[14] и Интерконтиненталниот куп со победа над јужноамериканскиот шампион Олимпија со 2-0.[15] Својот последен трофеј како играч на Реал Мадрид го освоил во Суперкупот на Шпанија 2003 со победата над Мајорка со вкупен резултат 4-2.

 
Фиго на фудбалски натпревар со Португалија.

Во август 2005 година, Фиго потпишал за италијанскиот Интер како слободен играч, откако неговиот договор со Реал Мадрид истекол во јуни истата година.[16] Со Интер освоил четири скудета вклучувајќи го и она од третото место на табелата во неговата прва сезона, кога титулата на Интер накнадно му била доделена откако на регуларниот шампион Јувентус му била одземена титулата, а второпласираниот Милан бил казнет со одземање на бодови и во двата случаи заради вмешаност во скандал со наместени натпревари. Во август 2006 година, тој го постигнал победничкиот гол за нероаѕурите во првото продолжение со кој тие ја победиле Рома со 4-3 и го освоиле Суперкупот на Италија.[17] Својот последен натпревар во кариерата Интер-Аталанта го одиграл на 31 мај 2009, носејќи ја за првпат капитенската лента на клубот.[18]

Репрезентативна кариера уреди

За португалската репрезентација Фиго дебитирал во 1991 година, на возраст од само 18 години, во пријателски натпревар против Луксембург што завршил 1-1.[19] Вкупно за репрезентацијата одиграл 127 натпревари и во моментов е втор по бројот на настапи - заостанувајќи само зад Кристијано Роналдо[20]- и четврти по бројот на постигнати голови со 32.[20]

Тој ја претставувал својата земја на две Светски (2002 и 2006) и три Европски првенства (1996, 2000 и 2004), а најдобриот резултат го забележал на Европското првенство 2004 на домашен терен, каде Португалија стигнала до финалето во кое загубиле од Грција.[21]

Хронологија на репрезентативните настапи уреди

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Португалија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
12-10-1991 Луксмбург Луксембург   1 – 1   Португалија Пријателска -
16-10-1991 Ротердам Холандија   0 – 1   Португалија Квал. за Евро 1992 -
20-11-1991 Лисабон Португалија   1 – 0   Грција Квал. за Евро 1992 -
12-2-1992 Фаро Португалија   2 – 0   Холандија Пријателска -
31-5-1992 Њу Хејвен Италија   0 – 0   Португалија ЈуЕс куп -
3-6-1992 Чикаго САД   0 – 1   Португалија ЈуЕс куп -
7-6-1992 Фоксборо Португалија   0 – 2   Ирска ЈуЕс куп -
2-9-1992 Линц Австрија   1 – 1   Португалија Пријателска -
14-10-1992 Глазгов Шкотска   0 – 0   Португалија Квал. за СП 1994 -
11-11-1992 Сент Уан Португалија   2 – 1   Бугарија Пријателска 1
24-1-1993 Та Кали Малта   0 – 1   Португалија Квал. за СП 1994 -
10-2-1993 Фаро Португалија   1 – 1   Норвешка Пријателска -
24-2-1993 Порто Португалија   1 – 3   Италија Квал. за СП 1994 -
31-3-1993 Берн Швајцарија   1 – 1   Португалија Квал. за СП 1994 -
19-6-1993 Порто Португалија   4 – 0   Малта Квал. за СП 1994 -
19-1-1994 Виго Шпанија   2 – 2   Португалија Пријателска -
7-9-1994 Белфаст Северна Ирска   1 – 2   Португалија Квал. за Евро 1996 -
9-10-1994 Рига Латвија   1 – 3   Португалија Квал. за Евро 1996 1
13-11-1994 Лисабон Португалија   1 – 0   Австрија Квал. за Евро 1996 1
18-12-1994 Лисабон Португалија   8 – 0   Лихтенштајн Квал. за Евро 1996 -
22-2-1995 Ајндховен Холандија   0 – 1   Португалија Пријателска -
26-4-1995 Даблин Ирска   1 – 0   Португалија Квал. за Евро 1996 -
3-6-1995 Порто Португалија   3 – 2   Латвија Квал. за Евро 1996 1
3-9-1995 Порто Португалија   1 – 1   Северна Ирска Квал. за Евро 1996 -
15-11-1995 Лисабон Португалија   3 – 0   Ирска Квал. за Евро 1996 -
12-12-1995 Лисабон Португалија   1 – 1   Англија Квал. за Евро 1996 -
21-2-1996 Порто Португалија   1 – 2   Германија Пријателска -
9-6-1996 Шефилд Данска   1 – 1   Португалија Евро 1996 - Прва фаза -
14-6-1996 Нотингем Португалија   1 – 0   Турција Евро 1996 - Прва фаза -
19-6-1996 Нотингем Хрватска   0 – 3   Португалија Евро 1996 - Прва фаза 1
23-6-1996 Бирмингем Чешка   1 – 0   Португалија Евро 1996 - Четвртфинале -
5-10-1996 Киев Украина   2 – 1   Португалија Квал. за СП 1998 -
9-10-1996 Тирана Албанија   0 – 3   Португалија Квал. за СП 1998 1
9-11-1996 Порто Португалија   1 – 0   Украина Квал. за СП 1998 -
14-12-1996 Лисабон Португалија   0 – 0   Германија Квал. за СП 1998 -
22-1-1997 Брага Португалија   0 – 2   Франција Пријателска -
19-2-1997 Атина Грција   0 – 0   Португалија Пријателска -
29-3-1997 Белфаст Северна Ирска   0 – 0   Португалија Квал. за СП 1998 -
7-6-1997 Порто Португалија   2 – 0   Албанија Квал. за СП 1998 1
20-8-1997 Сетубал Португалија   3 – 1   Ерменија Квал. за СП 1998 1
6-9-1997 Берлин Германија   1 – 1   Португалија Квал. за СП 1998 -
11-10-1997 Лисабон Португалија   1 – 0   Северна Ирска Квал. за СП 1998 -
22-4-1998 Лондон Англија   3 – 0   Португалија Пријателска -
19-8-1998 Понта Делгада Португалија   2 – 1   Мозамбик Пријателска -
6-9-1998 Будимпешта Унгарија   1 – 3   Португалија Квал. за Евро 2000 -
10-10-1998 Порто Португалија   0 – 1   Романија Квал. за Евро 2000 -
14-10-1998 Братислава Словачка   0 – 3   Португалија Квал. за Евро 2000 -
18-11-1998 Сетубал Португалија   2 – 0   Израел Пријателска -
10-2-1999 Париз Холандија   0 – 0   Португалија Пријателска -
26-3-1999 Гимараеш Португалија   7 – 0   Азербејџан Квал. за Евро 2000 -
31-3-1999 Вадуц Лихтенштајн   0 – 5   Португалија Квал. за Евро 2000 1
5-6-1999 Лисабон Португалија   1 – 0   Словачка Квал. за Евро 2000 -
9-6-1999 Коимбра Португалија   8 – 0   Лихтенштајн Квал. за Евро 2000 -
18-8-1999 Лисабон Португалија   4 – 0   Андора Пријателска 1
4-9-1999 Баку Азербејџан   1 – 1   Португалија Квал. за Евро 2000 1
8-9-1999 Букурешт Романија   1 – 1   Португалија Квал. за Евро 2000 1
9-10-1999 Лисабон Португалија   3 – 0   Унгарија Квал. за Евро 2000 -
23-2-2000 Шарлроа Белгија   1 – 1   Португалија Пријателска -
29-3-2000 Леирија Португалија   2 – 1   Данска Пријателска -
26-4-2000 Реџо Калабрија Италија   2 – 0   Португалија Пријателска -
2-6-2000 Чавес Португалија   3 – 0   Велс Пријателска 1
12-6-2000 Ајндховен Португалија   3 – 2   Англија Евро 2000 - Прва фаза 1
17-6-2000 Арнем Романија   0 – 1   Португалија Евро 2000 - Прва фаза -
24-6-2000 Амстердам Турција   0 – 2   Португалија Евро 2000 - Четвртфинале -
28-6-2000 Брисел Франција   2 – 1   Португалија Евро 2000 - Полуфинале -
16-8-2000 Визеу Португалија   5 – 1   Литванија Пријателска 1
3-9-2000 Талин Естонија   1 – 3   Португалија Квал. за СП 2002 1
7-10-2000 Лисабон Португалија   1 – 1   Ирска Квал. за СП 2002 -
11-10-2000 Ротердам Холандија   0 – 2   Португалија Квал. за СП 2002 -
15-11-2000 Брага Португалија   2 – 1   Израел Пријателска 1
28-2-2001 Фуншал Португалија   3 – 0   Андора Квал. за СП 2002 2
28-3-2001 Порто Португалија   2 – 2   Холандија Квал. за СП 2002 1
25-4-2001 Сен Дени Франција   4 – 0   Португалија Пријателска -
2-6-2001 Даблин Ирска   1 – 1   Португалија Квал. за СП 2002 1  
15-8-2001 Фаро Португалија   3 – 0   Молдавија Пријателска 3
1-9-2001 Леида Андора   1 – 7   Португалија Квал. за СП 2002 -  
5-9-2001 Ларнака Кипар   1 – 3   Португалија Квал. за СП 2002 -  
6-10-2001 Лисабон Португалија   5 – 0   Естонија Квал. за СП 2002 1
14-11-2001 Лисабон Португалија   5 – 1   Ангола Пријателска 1
13-2-2002 Барселона Шпанија   1 – 1   Португалија Пријателска -
17-4-2002 Лисабон Португалија   1 – 1   Бразил Пријателска -
25-5-2002 Макао Кина   0 – 2   Португалија Пријателска -
5-6-2002 Сувон САД   3 – 2   Португалија СП 2002 - Прва фаза -
10-6-2002 Џеонџу Португалија   4 – 0   Полска СП 2002 - Прва фаза -
14-6-2002 Инчеон Португалија   0 – 1   Јужна Кореја СП 2002 - Прва фаза -
7-9-2002 Бирмингем Англија   1 – 1   Португалија Пријателска -
12-10-2002 Лисабон Португалија   1 – 1   Тунис Пријателска -
16-10-2002 Гетеборг Шведска   2 – 3   Португалија Пријателска -
20-11-2002 Брага Португалија   2 – 0   Шкотска Пријателска -
12-2-2003 Џенова Италија   1 – 0   Португалија Пријателска -
2-4-2003 Лозана Португалија   1 – 0   Македонија Пријателска 1
30-4-2003 Ајндховен Холандија   1 – 1   Португалија Пријателска -
6-6-2003 Брага Португалија   0 – 0   Парагвај Пријателска -
20-8-2003 Чавес Парагвај   1 – 0   Казахстан Пријателска -
6-9-2003 Гимараеш Португалија   0 – 3   Шпанија Пријателска -
10-9-2003 Осло Норвешка   0 – 1   Португалија Пријателска -
11-10-2003 Лисабон Португалија   5 – 3   Албанија Пријателска 1
15-11-2003 Авеиро Португалија   1 – 1   Грција Пријателска -
19-11-2003 Леирија Португалија   8 – 0   Кувајт Пријателска 1
18-2-2004 Фаро Португалија   1 – 1   Англија Пријателска -  
31-3-2004 Брага Португалија   1 – 2   Италија Пријателска -
28-4-2004 Коимбра Португалија   2 – 2   Шведска Пријателска -
29-5-2004 Агеда Португалија   3 – 0   Луксембург Пријателска 1
5-6-2004 Сетубал Португалија   4 – 1   Литванија Пријателска -
12-6-2004 Порто Португалија   1 – 2   Грција Евро 2004 - Прва фаза -
16-6-2004 Лисабон Русија   0 – 2   Португалија Евро 2004 - Прва фаза -  
20-6-2004 Лисабон Шпанија   0 – 1   Португалија Евро 2004 - Прва фаза -  
24-6-2004 Лисабон Португалија   2 – 2 прод.
(6 - 5 пен.)
  Англија Евро 2004 - Четвртфинале -  
30-6-2004 Лисабон Португалија   2 – 1   Холандија Евро 2004 - Полуфинале -  
4-7-2004 Лисабон Португалија   0 – 1   Грција Евро 2004 - Финале -  
4-6-2005 Лисабон Португалија   2 – 0   Словачка Квал. за СП 2006 -  
8-6-2005 Талин Естонија   0 – 1   Португалија Квал. за СП 2006 -  
17-8-2005 Понта Делгада Португалија   2 – 0   Египет Пријателска -
3-9-2005 Фаро Португалија   6 – 0   Луксембург Квал. за СП 2006 -  
7-9-2005 Москва Русија   0 – 0   Португалија Квал. за СП 2006 -  
8-10-2005 Авеиро Португалија   2 – 1   Лихтенштајн Квал. за СП 2006 -  
12-10-2005 Порто Португалија   3 – 0   Латвија Квал. за СП 2006 -  
1-3-2006 Диселдорф Португалија   3 – 0   Саудиска Арабија Пријателска -
27-5-2006 Евора Португалија   4 – 1   Зелен ’Рт Пријателска -  
3-6-2006 Мец Португалија   3 – 0   Луксембург Пријателска 1  
11-6-2006 Келн Ангола   0 – 1   Португалија СП 2006 - Прва фаза -  
17-6-2006 Франкфурт Португалија   2 – 0   Иран СП 2006 - Прва фаза -  
21-6-2006 Гелзенкирхен Португалија   2 – 1   Мексико СП 2006 - Прва фаза -  
25-6-2006 Нирнберг Португалија   1 – 0   Холандија СП 2006 - Осминафинале -  
1-7-2006 Гелзенкирхен Англија   0 – 0 прод.
(1 - 3 пен.)
  Португалија СП 2006 - Четвртфинале -  
5-7-2006 Минхен Португалија   0 – 1   Франција СП 2006 - Полуфинале -  
8-7-2006 Штутгарт Германија   3 – 1   Португалија СП 2006 - Натпревар за 3. место -
Вкупно Настапи (2. место) 127 Голови (4. место) 32

По завршувањето на кариерата уреди

Во февруари 2015 година, на стадионот „Вембли“, Фиго ја започнал својата кампања за изборите на претседател на ФИФА, како еден од четворицата кандидати за оваа функција. Притоа, во неговата изборна кампања тој се залагал за зголемување на бројот на репрезентациите кои играат на светските првенства на 40 или 48.[22]

Статистика уреди

Статистиката е ажурирана на 16 април 2020.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
1989-1990   Спортинг Лисабон ПД 3 0 КП 0 0 - - - - - - 3 0
1990-1991 ПД 0 0 КП 0 0 - - - - - - 0 0
1991-1992 ПД 34 1 КП 7 0 КУ 2 0 - - - 43 1
1992-1993 ПД 32 0 КП 8 1 КУ 2 0 - - - 42 1
1993-1994 ПД 31 8 КП 1 0 КУ 3 0 - - - 35 8
1994-1995 ПД 29 7 КП 7 3 КУ 2 0 - - - 38 10
Вкупно Спортинг 129 16 23 4 9 0 - - 161 20
1995-1996   Барселона ПД 35 5 КШ 8 1 CU 10 3 - - - 53 9
1996-1997 ПД 36 4 КШ 8 2 КПК 8 1 СШ 1 0 53 7
1997-1998 ПД 35 5 КШ 1 0 ЛШ 7 1 СШ+СУ 1+2 0 46 6
1998-1999 ПД 34 7 КШ 9 1 ЛШ 6 1 СШ 1 0 50 9
1999-2000 ПД 32 9 КШ 0 0 ЛШ 13 5 СШ 2 0 47 14
Вкупно Барселона 172 30 26 4 44 11 7 0 249 45
2000-2001   Реал Мадрид ПД 34 7 КШ 0 0 ЛШ 14 5 СУ+ИнтК 1+1 0 50 12
2001-2002 ПД 29 7 КШ 6 1 ЛШ 10 3 СШ 2 0 47 11
2002-2003 ПД 33 10 КШ 1 0 ЛШ 15 2 СУ+ИнтК 1+1 0 51 12
2003-2004 ПД 36 9 КШ 6 2 ЛШ 11 2 SS 2 1 55 14
2004-2005 ПД 32 3 КШ 0 0 ЛШ 10 4 - - - 42 7
Вкупно Реал Мадрид 164 36 13 3 60 16 8 1 245 56
2005-2006   Интер А 34 5 КИ 3 0 ЛШ 8 1 - - - 45 6
2006-2007 А 32 2 КИ 7 0 ЛШ 7 0 СИ 1 1 47 3
2007-2008 А 17 1 КИ 1 0 ЛШ 3 0 СИ 1 0 22 1
2008-2009 А 22 1 КИ 0 0 ЛШ 3 0 СИ 1 0 26 1
Вкупно Интер 105 9 11 0 21 1 3 1 140 11
Вкупно во кариерата 570 91 73 11 134 28 18 2 795 132

Титули уреди

Клупски уреди

  Спортинг Лисабон уреди

1994-1995.

  Барселона уреди

1997–1998, 1998–1999
1996-1997, 1997-1998
1996
1996-1997
1997

  Реал Мадрид уреди

2000–2001, 2002–2003
2001, 2003
2001-2002
2002
2002

  Интер уреди

2005–2006, 2006–2007, 2007–2008, 2008–2009
2006
2006, 2008

Репрезентативни уреди

1989
1991

Поединечни уреди

1994
Франција 1994
1997-1998, 1999-2000
2000
2001
2000
1995, 1996, 1997, 1998, 1999, 2000
2003
2006

Почести уреди

  Орден Инфанта на Дон Енрике
2004

Наводи уреди

  1. „Figo Stats“. FootballDatabase.com. Посетено на 23 December 2006.
  2. „EURO 2000 Profile: Luis Figo“. BBC Sport. 14 May 2000. Посетено на 29 July 2012.
  3. „Figo best in world“. BBC News. 17 December 2001.
  4. „Crisis? What crisis? Harmony restored as Barcelona close gap on Madrid“. Goals.com. 9 February 2015.
  5. „Pele's list of the greatest“. BBC Sport. 4 March 2004. Посетено на 19 June 2014.
  6. "The history of the world transfer record". BBC News. Retrieved 1 May 2014
  7. 7,0 7,1 7,2 „Luís Figo: O Príncipe do Futebol Português“. zerozero. Посетено на 15 April 2020.
  8. „expertfootball.com“. AFP. 23 June 2012. Архивирано од изворникот на 2006-02-17. Посетено на 23 June 2020.
  9. mundodeportivo.com, уред. (15 мај 1997). „El título soñado“ (PDF) (шпански). Посетено на 12 март 2017.
  10. Nash, Elizabeth (25 јули 2000). „Figo defects to Real Madrid for record £36.2m“. The Independent. London. Посетено на 11 мај 2010.
  11. Lowe, Sid (2013). "Fear and Loathing in La Liga: Barcelona vs Real Madrid". pp.338-367. chpt."And Pigs Did Fly". Random House, 2013
  12. „15 years on: Who were Real Madrid's 2002 Champions League winners?“. UEFA.com. 15 мај 2017. Посетено на 17 април 2020.
  13. Bayer Leverskusen - Real Madrid 1-2 espn.com
  14. Javier García (11 октомври 2014). „The European Super Cup victory over Feyenoord“. Реал Мадирд. Посетено на 17 април 2020.
  15. „On this day, Real Madrid lifted the club's third Intercontinental Cup“. Реал Мадирд. 12 декември 2018. Посетено на 17 април 2020.
  16. Gianni Piva (4 август 2005). „Preso Figo, l'Inter sogna ancora“. la Repubblica. стр. 44.
  17. Gianni Piva (27 август 2006). „Ciclone Inter, incredibile rimonta“. la Repubblica. стр. 56.
  18. Luca Taidelli (1 June 2009). „I figli e Figo Inter scudetto: ultime emozioni“. La Gazzetta dello Sport.
  19. „Luxembourg v Portugal, 12 October 1991“ (англиски).
  20. 20,0 20,1 „Portugal - Record International Players“. 18 април 2020. 18 април 2020.
  21. Грција, европски шампион dw.com 5 јули 2004, пристапено 18 април 2020
  22. „Фиго тргна да го смени Блатер со зголемен број учесници на СП“, Дневник, година XIX, број 5697, петок, 20 февруари 2015, стр. 21.

Надворешни врски уреди