Луганска Народна Република

Луганска Народна Република, скратено ЛНР (на руски: Луганская Народная Республика, на украински: Луганська Народна Республіка) — непризнаена држава во Источна Европа, прогласена во месец април 2014 година заедно со Донечката Народна Република[2] на територијата на Луганската област која де јуре сè уште ѝ припаѓа на Украина. Географски републиката граничи со самопрогласената Донечка Народна Република на запад, Украина на север и Русија на исток и југ. Според статистиките направени од властите на ЛНР од 1 април 2018 година на нејзина територија живеат околу 1.4 милион жители.[1]

Луганска Народна Република
Луганская Народная Республика (руски)

Луганська Народна Республіка (украински)
Знаме Грб
Прогласена територија од 12 мај 2014 (светла зелена) и моментално контролирана територија (темнозелена) на Луганската Народна Република
Прогласена територија од 12 мај 2014 (светла зелена) и моментално контролирана територија (темнозелена) на Луганската Народна Република
Прогласена територија од 12 мај 2014 (светла зелена) и моментално контролирана територија (темнозелена) на Луганската Народна Република
Главен градЛуганск
Најголем град главниот град
Службен јазик руски, украински
Уредување
 •  Претседател Леонид Пасечник (в.д.)
 •  Премиер Сергеј Козлов
непризнаена држава
 •  Основана 27 април 2014 г. 
 •  Независност од Украина 12 мај 2014 г. 
Население
 •  проценка за 2018 г. 1.469.002[1] 
Валута руска рубља
Часовен појас Московско време (UTC+3)

Иако де факто постои, Луганската Народна Република не е признаена како држава од ниту една членка на ООН. Нејзината независност ја признаваат само ДНР и исто така самопрогласената Јужна Осетија.[3] Според Украина, ЛНР заедно со ДНР е создадена и управувана од „терористичка организација“.[4] Со указ на претседателот Владимир Путин, од 18 февруари 2017 година, граѓаните на Луганската Народна Република може да патуваат, работат и студираат во Русија,[5] иако Русија ја нема признаено како држава, а овој чекор го објаснува како „заштита на човековите права и слободи“, поради што украинските власти ја обвинуваат дека легално ја призна републиката.[6]


Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Број на населението на Луганската Народна Република од 1 април 2018 година (руски)
  2. „Прогласена Луганска Народна Република“. Кајгана. 28 април 2014. Архивирано од изворникот на 2014-07-01. Посетено на 24 октомври 2018.
  3. „Јужна Осетија ја признава Луганската Народна Република“. Радио Слободна Европа на македонски јазик. 19 јуни 2014. Посетено на 24 октомври 2018.
  4. „Обвинителот на Украина ги класификува самопрогласените републики Донечка и Луганска како терористички организации“. КиевПост. 16 мај 2014. Посетено на 10 јануари 2018.
  5. Указ за признавање на документи издадени на граѓани на Украина и лица без државјанство кои живеат на териториите на одделните региони на Донечката и Луганската област во Украина (руски)
  6. „Русија ги прифати пасошите издавани од источноукраинските бунтовници“. Би би си. 19 февруари 2017. Посетено на 24 октомври 2018.