Лофотенски Острови

аргипелаг и област во Норвешка

Лофотенски Острови или само Лофотен (норвешки: Lofoten, изг. Луфутн) — архипелаг во северниот дел на Атлантскиот Океан, во округот Нурлан во Норвешка. Зафаќаат површина од 1.227 км2 и население од 24.500 жители. Aрхипелагот го сочинуваат многу острови, меѓутоа трите најголеми се: Еуствогсеј, Вествогсеј и Москенесеј. Во последно време Лофотенските Острови стануваат привлечно туристичко одредиште на Норвешка, пред сè поради прекрасните предели кои се наоѓаат на овие острови.

Панорамски поглед

Природни услови уреди

Површината на Лофотенските Острови е 1.227 км2. Сите острови се со голема брегова разгранетост, со многубројни мали заливи и полуострови. Островите се планински, со прилично голема надворска височина. Поради влијанието на Голфската струја климата е многу блага за ова подрачје кое се наоѓа над Северниот Поларник, па така летата се свежи, а зимите благи и врнежливи.

Население уреди

На Лофотенските Острови денес живеат над 24.000 жители, најмногу од нив се занимаваат со риболов и преработка на риба. Во последните години туризмот претставува многу значајна гранка и голем придонес на островјаните. Најголема населба и главен град на островите е Сволвер.

Надворешни врски уреди