Лот (француски: Lot, окситански: Òlt) — департман во регионот Окситанија, југозападна Франција. Наречен е по реката Лот.

Лот
Lot
департмани
Управата на лот во Каор
Управата на лот во Каор
Грб на Лот
Местоположба на Лот во Франција
Местоположба на Лот во Франција
ЗемјаФранција
РегионОкситанија
ПрефектураКаор
ПотпрефектуриФижак
Гурдон
Управа
 • Прет. на Ген. советЖерар Микел
Површина1
 • Вкупна5.217 км2 (2,014 ми2)
Население (2013)
 • Вкупно173.758
 • Ранг92.
 • Густина33/км2 (86/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Департ. бр.46
Окрузи3
Кантони17
Општини322
^1 Катастарски податоци, каде не се вброени устија, езера, бари, и ледници поголеми од 1 км2

Историја уреди

Ова е еден од првобитните 83 департмани создадени со Француската револуција на 4 март 1790 г. и произлезен е од дотогашната покраина Керси. Во 1808 г. од него се одвоени некои југоисточни кантони, и од нив е создаден департманот Тарн и Гарона. Првично кантонот сепротегал многу појужно и го опфаќал градот Монтобан.

Географија уреди

Департманот се наоѓа во регионот Окситанија и обиколен од департманите Корез, Кантал, Аверон, Тарн и Гарона, Лот и Гарона и Дордоња.

Општини уреди

Лот опфаќа вкупно 322 општини. Еве некои позначајни населени места:

  • Каорпрефектура (седиште) на департманот; ова е средновековен град познат по својата катедрала, средновековниот мост „Валантре“ и производството на вино. Сместен е на широк полукружен свиок на реката Лот.
  • Фижак — средновековен град и потпрефектура на департманот; родно место на Жан Франсоа Шамполион (1790-1832), прв преведувач на египетските хиероглифи.
  • Гурдон — добро зачуван средновековен ридски град. Во близината има бројни праисториски пештерски живописи, особено оние на Куњак. Гурдон исто така е потпрефектура на департманот.

Туризам уреди

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди