Лот (хебрејски לוֹט)[1]) според книгата Битие е внук на Авраам и дедо на Моав и Амон. Поради својата праведност бил на време опоменат од ангелите да го напушти Содом и да ја избегне судбината на содомјаните кои бие запалени од небесен оган. И покрај забраната од ангелите да не се вртат назад додека го напуштаат градот, неговата сопруга се свртела при што била претворена во статуа од солен камен.

Лот и неговото семејство, од Јакоб Јорданс

Наводи уреди

  1. „H3876 לוט – Lot (lote)“. Strong's Hebrew Lexicon. studybible.info.