Лорд Џим (англиски: Lord Jim) е роман на писателот Џозеф Конрад, првично објавен во серијал во списанието Blackwood's Magazine во периодот од октомвриr 1899 до ноември 1900. Приказната на романот се развива со напуштањето на еден патнички брод со сè екипажот во водите на Југоисточна Азија, вклучително и еден млад британски морнар - Џим.

Лорд Џим
АвторЏозеф Конрад
Изворен насловLord Jim
ЗемјаОбединето Кралство
Јазиканглиски
Жанрпсихолошки роман модернизам
ИздавачBlackwood's Magazine
Издадена
1900
OCLC4326282

Во 1988 година, Modern Library го рангирал романот „Лорд Џим“ на 85 место на списокот на 100 најдобри англиски романи на 20 век.

Преглед уреди

Романот е производ на еден специфичен момент во историјата на британското општество кога стариот вредносен систем, кој сè уште е во сила, коегзистира со новото чувство за проблематизирантата индивидуалност. Во центарот на настаните се наоѓа Лорд Џим, еден вид донкихотски лик, распнат меѓу замислената претстава за себеси и суровата реалност. Неговата трагична грешка е што не може да го премости јазот меѓу своите херојски идеали, кои се дел од неговата фантазија, и практичното дејствување што припаѓа на реалноста. Книгата претставува врв на прозното мајсторство на Конрад, комбинација од вешт стил и софистицирана структура. Настаните се раскажани преку неколку раскажувачи, согледани од различни гледни точки, при што хронолошкиот редослед често е измешан. Со тоа авторот ја доловува комплексноста и суштинската недофатливост на модерната човекова егзистенција.[1]

Ликови уреди

  • Чарлс Марлоу: капетан во служба на Обединетото Кралство кој му помогнал на Џим по падот. Овој лик е и раскажувачот при што тој ја игра истата улога и во Конрадовите романи „Срце на темнината“, „Младост“ и „Шанса“.
  • Џим: млад морнар кој се обучувал за трговската служба на Кралството.
  • Капетан Густав: капетан на „Патна“, Австралиец роден во Германија, кој е заинтересиран за парите од бродот.
  • Инженерите на бродот: тројца мажи кои го чуваат бродот во работоспособна состојба.
  • Монтагју Брирли: капетан.
  • Стајн: пријател на Марлоу.
  • Џуел: ќерка на Холанѓанец од Малјскиот Архипелаг.
  • Корнелиус'
  • Де Јонг: пријател на Марлоу.
  • Дорамин: стар поглавица на народот Бугис.
  • Дејн Варис: единствен син на Дорамин, пријател на Џим.
  • Шериф Али: месен бандит, поразен од Џим.
  • Раџа Тунку Аланг: малајски поглавар.
  • Тамб Итам: малајски слуга и придружник на Џим.
  • Капетан Браун: злобен капетан на пиратски екипаж.

Прием уреди

Во1998, Modern Library го рангирала романот „Лорд Џим“ на 85 место на списокот на 100 најдобри англиски романи за 20 век.[2] Во 1999, францускиот весник „Ле Монд“ направил проглас помеѓу читачите за да кажат кои од 200-те избрани романи во 20 век би ги препораќале. Романот „Лорд Џим“ бил на 75 место.[3]

Филмови уреди

Книгата двапати се појавила во филмска форма:

Наводи уреди

  1. Лорд Џим Архивирано на 3 март 2021 г., kupikniga.mk
  2. „100 Best Novels, Board's Choice“. Modern Library. 1998. Посетено на 1 November 2016.
  3. Savigneau, Josyane (15 October 1999). „Écrivains et choix sentimentaux“ [Authors and sentimental choices]. Le Monde (француски). Архивирано од изворникот на 27 May 2012.

Надворешни врски уреди