Лопате

село во Општина Куманово
Оваа статија се однесува на село во Република Македонија. За селото во Црна Гора, видете Лопате (Црна Гора).

Лопате (албански: Llopati) — село во Општина Куманово, кое се наоѓа во близина на градот Куманово[2].

Лопате
Лопате во рамките на Македонија
Лопате
Местоположба на Лопате во Македонија
Лопате на карта

Карта

Координати 42°8′54″N 21°39′51″E / 42.14833° СГШ; 21.66417° ИГД / 42.14833; 21.66417
Општина Куманово
Население 2.063 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 17058, 17558
Надм. вис. 365 м
Лопате на општинската карта

Атарот на Лопате во рамките на општината
Лопате на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Лопате е сместено на територијата на Општина Куманово, во котлината Жеглигово. Селото се наоѓа на десниот брег на Липковска Река, недалеку од градот Куманово (на 4 км оддалеченост од западна страна), и е веќе фактички дел од градот. Се работи за рамничарско село на надморска височина од 365 метри. Атарот на селото е 8,5 квадратни километри.

Во близина на селото поминува реката Слупчанка.

Историја уреди

Наодите во блиските Археолошки наоѓалишта, покажуваат дека околината на селото е населена уште од неолитот.

Во XIX век, Лопате било претежно муслиманско, т.е. албанско село во рамките на Кумановската каза на Отоманското Царство.

Во основа, етничкиот конфликт во Република Македонија во 2001 година не го погодил особено Лопате, село со доминатно етничко албанско население. Сепак, спорадични пукотници и движења на ОНА имало, и во селото се осетиле помали последици. Веќе во втората половина на септември 2001, во координација со МЦМС, започнато е со поправка на 20те оштетени куќи во Лопате. [1][мртва врска] Во октомври 2001, во селото започнуваат со патроли етнички мешани полициски сили. Извесни тензии се осеќаат во зимата 2001, кога поради безбедносни причини, сите македонски ученици од Режановце кои дотогаш посетувале настава во основното училиште Маршал Тито во Лопате, се префрлиле во новоформираните паралелки во Режановце (инаку под надлежност на училиштето во Лопате). [2] На почетокот на декември 2001, православните жители на Лопате поднесуваат неуспешно барање во близина на селото да остане контролниот пункт на МВР. [3]

На почетокот на учебната 2006 - 2007, македонските ученици од селото Лопате и Режановце, повторно ја бојкотираат наставата, речиси цело полугодие. Непосреден повод за тоа е смената на името на основното училиште во Битолски конгрес (конгрес каде што се кодифицирала албанската азбука), но исто така и несоодветниот третман на подрачното училиште во Режановце при алокацијата на средствата. [4][мртва врска] [5][мртва врска][6][мртва врска]

Лопате е едно од селата покриено со акцијата на МВР, наречена Пепел, со која во октомври 2008 полицијата се обиде да му стави крај на шверцот на тутун во Кумановско. [7][мртва врска]

Економија и инфраструктура уреди

Во селото најзастапено е полјоделството. Обработливото земјиште доминира и зафаќа 728 хектари. Во близина на селото поминува прометна железничка пруга.

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948967—    
19531.067+10.3%
19611.260+18.1%
19711.602+27.1%
19811.983+23.8%
ГодинаНас.±%
1991585−70.5%
19942.320+296.6%
20022.448+5.5%
20212.063−15.7%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Лопате живееле 472 жители, од кои 400 Албанци и 72 Роми.[3]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200Македонци и 400 Албанци.[4]

Лопате е големо село, со пораст на населението. Во 1961 година бројот на жители изнесувал 1.260 (578 Турци, 475 Македонци, 129 Албанци, 54 Срби и 20 неопределени). Во 1994 година бројот се зголемил на 2.320 жители - 1.763 Албанци, 473 Македонци, 74 Срби и 10 лица од други националности . Според пописот во 2002 година, бројот на жителите пораснал на 2.448. Етничката структура е прикажана во табелата:

Националност Вкупно
Македонци 478
Албанци 1.886
Срби 80
останати 4

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2.063 жители, од кои 366 Македонци, 1.597 Албанци, 29 Срби, 1 Бошњак и 70 лица без податоци.[5]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[6]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. б.п. Вкупно
1948 967
1953 262 242 467 49 72 5 1.067
1961 475 129 578 54 24 1.260
1971 433 901 157 6 86 19 1.602
1981 525 1.283 25 6 63 81 1.983
1991 466 23 5 64 27 585
1994 473 1.763 74 10 2.320
2002 478 1.886 80 4 2.448
2021 366 1.597 29 1 70 2.063

Родови уреди

Лопате е мешано село

Според истражувањата од 1965 година, родови во селото се:

Албански

  • Голци (10 к.), Муаремци (8 к.), Азировци, Асиповци, Горожупци, Танишевци и Бресјани. Населени се во втората половина на XIX век. Танишевци и Горожупци се доселени од селото Танушевци. Брестјани од селото Брест. Најстаро потекло имаат од северна Албанија. Зарбинци (20 к.) доселени се од селото Зарбинце кај Врање во 1956 и 1957 година.

Турски

  • Помаци (4 к.) доселени се во 1878 година од Бугарија. Почнале да се земаат со Албанците, па се поалбанчиле.

Македонски

Општествени установи уреди

Самоуправа и политика уреди

За време на избори се гласа во основното училиште.

Културни и природни знаменитости уреди

Археолошки наоѓалишта
  • Амам — населба од неолитот
  • Дрезга — населба и некропола од римското време
  • Лопате — некропола од римското време
  • Прибовце — населба од брозеното и доцноантичкото време

Редовни настани уреди

Личности уреди

Култура и спорт уреди

Иселеништво уреди

Македонски православни родови иселени од селото се- Милевци, Лопатарци и Црно Спасини. Првите се наоѓаат во селото Винце, вторите во Агино Село, а третите во Режановце. Од 1954 до 1958 година, 35 муслимански семејства се иселиле во Турција. Повоени православни иселеници од селото има во Куманово и во Србија.[7]

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Панов, Митко: Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Патрија, Скопје, 1998, 182 стр
  3. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 217.
  4. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  5. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  6. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
  7. 7,0 7,1 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје.

Надворешни врски уреди