Логаритмар

механичко помагало за пресметки со поделоци

Логаритмар или шибер – направа за сметање со логаритми која може да извршува различни основни операции на сметање, освен собирање и вадење.

Множење на броевите 1,3 и 2 на шибер.

Замислата за конструкција на логаритмар се појавува во 1620 година (Англичанецот Едмунд Гантер). Логаритмар во облик на линијар дава Сет Партриџ во 1657 година и овој вид понатаму најмногу се користи.

Начин на работа и конструкција уреди

Логаритмарот се состои од две летвички со исти должини од кои пошироката во себе вдлабен жлеб по кој лизга потесната летвичка. Над пошироката летвичка по жлебот лизга провидна плочка на која е нацртана тенка линија која служи за исчитување на резултатот. На двете летвички, надолжно, впишани се повеќе редови броеви кои служат за пресметување.

Сметањето се врши со поместувањето на потесната летвичка долж пошироката при што зададените броеви се множат, се делат, се креваат на квадрат или куб, се вадат квадратен и кубен корен, се одредува реципрочна вредност, се пресметува природен логаритам, се пресметува синус и косинус, итн. Броевите на логаритмарот се запишани по логаритамска скала, со што тој е особено добро приспособен за „мултипликативни операции“, а непогоден за „адитивни“ (собирање и одземање).

Логаритмарите се правеле од дрво, а подоцна од пластика. Постојат повеќе модели на логаритмари спрема тоа кои сметачки операции ги извршуваат. На пример моделот „Дармштат“ го користеле електроинженерите бидејќи покрај наведените операции на основа на пречникот на жицата ј пресметувал веднаш и површината на пресекот, претворал киловати во коњски сили и сл.

Шиберите се произведувале во стандардни димензии од 12,5 и 25 cm должина, многу поретко 50 cm. Точноста, т.е. бројот на важечки цифри кај моделот од 12,5 cm бил две, а кај моделот од 25 cm три цифри. Постоеле и кружни логаритмари.

 
Кружен логаритмар.

Точност уреди

Под важечка цифра се подразбирало бројот на првите цифри кои можат да се сметаат за точни. На пример ако се помножат на шиберот 2,17x3,45 се добива резултат 7,48 – останатите цифри не може да се отчитаат, додека со користење на калкулатор се добива резултат 7,4865.

Логаритмарот можел да се користи и како линија бидејќи имал нанесено сантиметри и закосен раб за цртање.

Надворешни врски уреди

Литература уреди