Ли Чангчуен

кинески политичар

Ли Чангчуен (кинески: 李长春, пинјин: Lǐ Chángchūn; р февруари, 1944 во Даљен, Љаонинг) — поранешен началник за пропаганда[1] на ЦК на Комунистичката партија на Кина[2]. Со оваа функција тој се рангира на 5-то место во Постојаниот комитет на Политбирото на КПК, де факто врховниот орган на власта во Кина, каде членува од 2002 г. Пред тоа служел како управник на покраините Љаонинг и Хенан.

Ли Чангчуен

Животопис уреди

Дипломирал електротехника на Харбинскиот технолошки институт во 1966 г.

Во 1983, на возраст од 39 години станал најмладиот градоначалник и партиски секретар на позначаен град во земјата - Шенјанг, главниот град на Њаонинг. Во 1987 станал управник на покраината, и на функцијата се задржал сè до 1990 г. Под негово раководство, во покраината е изграден првиот експресен автопат во Кина, поврзувајќи ги градовите Шенјанг и Даљен.

Во 1990-тите Ли за кратко време служел како партиски шеф на земјоделската покраина Хенан. Потоа се преселил во Гуангдунг и станал тамошен покраински секретар на партијата и предводел стопански реформи.

Во 1998 Ли бил унапреден и назначен за член на Политбирото на КПК (повторно најмлад од сите членови), а во 2002 г. станал и член на Постојаната комисија, откако заминал во пензија генералниот секретар на КПК Џанг Цемин. Моментално Ли нема друга државна фукција.

Во 2013 г. ја напуштил функцијата.

Наводи уреди

  1. поточно „Претседател на централната предводна комисија за изградба на духовна цивилизација“
  2. „Форбс“. „Бр. 19: Ли Чангчуен“. (англиски)

Надворешни врски уреди