Липковска Река

река во Кумановско

Липковска Река или Липковкарека во Североисточна Македонија, која заедно со Коњарска Река ја создаваат Кумановска Река во Куманово.[1]. Тече низ општините Липково и Куманово.

Липковска Река
Липковка
Липковска Река во Куманово
Местоположба
ДржаваМакедонија
Физички особености
ИзворГошинска и Брештанска Река
УстиеКумановска Река (спојување со Коњарска Река)
 • надм. вис.
311,7 м
Должина17,5 км
Големина на сливот300 км2
Проток 
 • просечен1,42 м3
Особености на сливот
ГрадовиКуманово
Притоки 
 • левиСлупчанска Река

Водотек уреди

 
Липковска Река на хидрографска карта на подрачјето.

Настанува кај селото Гошинце со спојување на Гошинска и Брештанска Река, а низводно од левата страна ја прима Слупчанска Река. Во горниот тек има планински, а низводно до вливот (311,7 м) рамничарски карактер. Влегува во Куманово од северозапад и се спојува со Коњарска Река, со што водотекот низводно е веќе наречен Кумановска Река. Долга е 17,5 км, а сливот зафаќа површина од 300 км2. Во нејзиниот слив се изградени вештачките езера Липково и Глажња. Средниот протек изнесува 1,42 м3/с.[2]

Историја уреди

На 1 мај 2014, реката се излеала кај селото Оризари, Општина Липково. Биле поплавени околу 100 хектари од обработливото земјиште.[3]

Во декември 2017 година започнале градежните зафати за регулирање на водотекот на реката.[4] Во септември 2018 година биле завршени градежните зафати.[5][6]

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. Српска академија наука и уметности (1951). Српски етнографски зборник (српски). Akademija. стр. 62–64.
  2. Никодиновски, Борис (2000). Основи на воена географија на Република Македонија. Скопје: Нико Компјутери.
  3. „Се излеа Липковска Река, поплавени 100 хектари земјоделско земјиште“. Канал 5. 1 мај 2014. Архивирано од изворникот 2022-12-09. Посетено на 9 декември 2022.
  4. „Почнуваат градежните работи за регулација на Липковска река“. kumanovskimuabeti.mk. 21 декември 2017. Архивирано од изворникот 2018-02-25. Посетено на 9 декември 2022.
  5. „Завршуваат градежните работи за регулација на Липковска Река“. a1on.mk. 26 септември 2018. Архивирано од изворникот 2022-12-09. Посетено на 9 декември 2022.
  6. „Завршија активностите за регулација на Липковска река“. Министерство за животна средина и просторно планирање. 26 септември 2018. Архивирано од изворникот 2022-12-09. Посетено на 9 декември 2022.

Надворешни врски уреди