Линет Скаво (англиски: Lynette Scavo) е измислен лик и еден главните ликови од телевизиската серија на ABC, Очајни Домаќинки. Ликот е толкуван од глумицата Фелисити Хафман, а создаден е од Марк Чери. Моментално, Линет и нејзиниот сопруг Том, се газди на пицерија во која и заедно работат.

Линет Скаво
Lynette Scavo
лик од 'Очајни Домаќинки'
Фелисити Хафман како Линет Скаво
Прво појавувањеPilot (Desperate Housewives)“ (епизода 1.01)
СоздавачМарк Чери
ТолкуваФелисити Хафман
Информации
АлијасЛинет Линдквист (моминско име)
Линет Скаво (венчано име; со Том Скаво)
ПолЖенски
ЗанимањеКо-газда и менаџер на пицерија
СемејствоСтела Вингфилд (мајка)
Г-дин Вингфилд (татко, починат)
СопружникТом Скаво (сопруг)
ДецаПени Скаво (ќерка, со Том)
Престон Скаво(син, со Том)
Портер Скаво(син, со Том)
Паркер Скаво(син, со Том)
Кајла Скаво(полуќерка, од Том)

Историја на ликот уреди

Прва сезона уреди

Линет Скаво е мајка на четири деца: малата Пени и 3те момчиња, Портер, и близнаците Паркер и Престон, кои патат од пореметување на дефицит од внимание, правејќи го животот на Линет неподнослив и напорен. Пред раѓањето на близнаците, Линет работела во бизнисот во огласувањето. Во меѓувреме, нејзиниот маж, Том Скаво, често е на пат, не ја разбира ситуацијата на неговата жена која и е пренапорно како мајка на четири деца. Линет е многу искрена жена, која не се плаши да го каже она што го мисли. Исто така на средбата на мајките на децата, во кои таа признава дека зема лекови против хиперактивност од своите деца. Меѓутоа, линет, поради сите тие лекови и стресови станува екстремно нервозна дури до халуцинации и имагинации во еден сон кога Мери Алис Јанг и понудува пиштол. Кога е премногу нервозна, таа му вели на Сузан и Бри дека е исцрпена и верува дека е страшна мајка. Како решение за нивниот проблем, Линет и Том најмуваат бебиситерка за нивните деца.

Втора сезона уреди

После што нејзиниот маж дава оставка, Линет се враќа во огласувањето, но нагласува да се повлече од преголемата грижа кон неговите деца, поради своето здравје. На работата има многу проблеми со својот газда, но газдата кој е многу лош и премногу бара. Но, после неколку компликации со шефот и со секретарката Сту, Линет наоѓа начин и се враќа во улогата на потпретседател. Како потпретседател нема време да ги гледа своите деца, но тогаш одлучува да отвори детска градинка во работата, но Том оди на повеќе патувања во Атлантик Сити. После што е откриено дека пред нивниот брак Том имал односи со жена по име Нора која во средбата на крстарење и ќерка како резултат кој не го знаел, по име Кајла.

Трета сезона уреди

Линет успева да ја увери Нора (која го заведува Том) да се однесува пристојно, но без сметки. За жал Кајла ја мрази Линет и се однесува непристојно. Нора се зближува до нив, и почнува секојдневно да ги посетува бидејќи Кајла ќе живее со семејството Скаво, што почнува да ја нервира Линет. Том и вели на Линет дека сака да си го оствари својот сон, и тие отвораат пицерија која станува многу успешна. Кога Линет ќе ја фати Нора како се бакнува со Том, таа и се заканува да престане да се гледа со него. Но Нора вели дека ќе и го земе и Том и ќерката и ќе заминат во Мексико. Во еден супермаркет, Нора и Линет се среќаваат, но во маркетот настанува караница помеѓу Каролин Бигсби, бившата сосетка, Орсон Хоџ, кој се дознава дека е нејзин сопруг, газдата на супермаркетот, и Моник Полио. Каролин пука во Нора кога дознава дека таа се бакнувала со мажот и на Линет. На смртта Нора и вели на Линет да ја чува Кајла најдобро иако знае дека Кајла ја мрази Линет. Рик Селети, препознат готвар, сака да учи во нивниот ресторан, но Том дознава дека бил бивш наркоман. Линет и Рик ќе се симпатизираат но тоа ќе донесе и брачни проблеми со Том, но тој ќе успее се за да си замине Рик. На крајот од сезоната Линет открива дека има рак.

Четврта сезона уреди