Ликургспартански законодавец од 9 век п.н.е. Според Плутарх, за да им покаже на своите сограѓани како на младината делуваат навиките, исхраната, начинот на живеење и учењето, Ликург зел две кучиња од иста кучка и едното го дресирал за забава, а другото за лов. Потоа, пред нив поставил сад со храна и жив зајак. Разгаленото куче пристапило кон храната, додека ловечкото куче веднаш почнало да го брка зајакот.[1]

Наводи уреди

  1. „Beleške“, во: Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 120.