Ликиеп (маршалски: Likiep[1]) е корален атол во Тихиот Океан кој е составен од 65 мали островчиња. Атолот воедно сочинува една од општините во државата. Ликиеп е дел од Ратачките Острови во државата Маршалски Острови. Атолот се наоѓа 55 км северозападно од Вотје и има вкупна копнена површина од 10.26 км2. Лагуната на атолот има 424 км2. Според податоците од 1998 година, на атолот имало 482 жители.

Ликиеп
Сателитска снимка на атолот.
Географија
МестоТихи Океан
Координати09°54′00″N 169°08′00″E / 9.90000° СГШ; 169.13333° ИГД / 9.90000; 169.13333
АрхипелагРатачки Острови
Вкупно острови65
Површина10,26 км2
Управување
Демографија
Население482 (1998)
Етнички групиМаршалци

Историја уреди

Во минатото Германското Царство тврдела дека атолот, заедно со Маршалските Острови, се под нејзина контрола. По Првата светска војна, атолот бил под јапонска контрола, а по Втората светска војна под американска контрола. Атолот станал дел од независни Маршалски Острови во 1986.

Наводи уреди

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди