Лидија Неделкова (родена на 17 февруари 1961 во Скопје) е позната македонска правничка, поранешен кривичен судија, актуелна претседателка на Врховниот Суд на Република Македонија.

Лидија Неделкова
Роден 17 февруари 1961
Скопје, Македонија
Националност Македонка

Биографија и образование уреди

Родена е во Скопје, каде што го завршила своето основно и средно образование во училиштето „Димитар Миладинов“ (тогашно „Браќа Рибар“) и познатата скопска гимназија „Раде Јовчевски - Корчагин“. Во својата младост и средношколски денови, активно се занимавала со спорт, тренирајќи ракомет. Високото образование го завршила, дипломирајќи со одличен успех и висок просек, на Правниот факултет во Скопје во 1983 година. Мајка е на еден син. Одлично го говори англискиот јазик.

Работно искуство уреди

Веднаш по завршувањето на своето образование, се вработува во судството, каде што има 26 години стаж и работно искуство[1]. Својата професионална кариера ја започнала како стручен соработник во Основниот Суд Скопје 2. Во 1996 година, од страна на Собранието на Република Македонија е избрана за судија во Основниот Суд Скопје 2, каде судела предмети во кривична постапка. Со основањето на одделот за организиран криминал во рамки на Основниот Суд Скопје 1, Лидија Неделкова ја продолжува својата професионална судиска кариера како кривичен судија, судејќи ги едни од најзначајните, најтешките и најважните судски процеси и постапки во историјата на Република Македонија. Како кривичен судија во одделот за организиран криминал при Основниот Суд Скопје 1, Лидија Неделкова ги водела судските процеси и донела пресуди по случаите „Пепел“, „Бродец“, „Агим Красниќи“, „Јака Табак“, „Изгрев“ и др[1]. Во јули 2009, од страна на Републичкиот судски совет е избрана за претседателка на Кривичниот суд Скопје 1, со кој раководела 3 години сè до 15 март 2012 година, кога е избрана за судија во Врховниот суд на Македонија. На 4 декември 2012, едногласно со 13 гласови за, судскиот совет ја избра за претседател на Врховниот суд на Македонија, со што станала првата жена претседател на Врховниот Суд во историјата на Македонија[2]. Учествувала на повеќе стручни семинари и обуки, во државата и во странство. Од 2006 година, е редовен предавач во Академијата за судии и обвинители, а предавања за новите кривични законици одржува и на Полициската академија.

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Портрет - Амбициозна жена на врвот на судската власт - „Утрински весник“, 05.12.2012
  2. „Лидија Неделкова е избрана за претседател на Врховниот суд - „Алфа ТВ", 04.12.2012“. Архивирано од изворникот на 2012-12-07. Посетено на 2012-12-27.