Лидија Димковска

македонски писател

Лидија Димковскамакедонски поет, прозаист, есеист, теоретичар на книжевноста и преведувач.

Лидија Димковска
Портрет на Лидија Димковска
Роден/аЛидија Димковска
11 август 1971(1971-08-11)(52 г.)
Скопје, СФРЈ СФР Југославија
НационалностМакедонија
НародностМакедонка
ОбразованиеСкопски универзитет

Животопис уреди

Лидија Димковска е родена во Скопје на 11 август 1971 година. Завршила Филолошки факултет во Скопје на групата Општа и компаративна книжевност, а докторирала на тема од романската книжевност на Филолошкиот факултет во Букурешт, Романија. Работела како предавач по македонски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Букурешт. Исто така, таа била уредник на одделот за поезија во електронското списание за култура и уметностБлесок“. Член е на ДПМ од 1995 година.

Награди и признанија уреди

Лидија Димковска била добитник на наградата на „Студентски збор“ за најдобра дебитантска книга. Нејзиниот прв роман „Скриена камера“ ја добил наградата на ДПМСтале Попов“ за најдобар роман[1]. Исто така, оваа награда ја добила и за својот роман „Резервен живот“, објавен во 2012 година од издавачката куќа „Или-Или“.[2]

За романот „Резервен живот“, во 2013 година, Димковска ја добила и наградата за литература на Европската унија.[3] Во мај 2015 година, во рамките на пролетниот саем на книгата во Софија, бил претставен бугарскиот превод на романот „Резервен живот“, објавен од издавачката куќа „Колибри“ од Софија. Претходно, романот бил преведен и на унгарски и словенечки јазик.[4]

Книжевно творештво уреди

Димковска се појавила на македонската книжевна сцена на почетокот од 1990-тите, кога доживела метеорски успех како поет. На почетокот, таа пишувала кратки, метафорични песни, а подоцна, започнала да пишува метонимски, долго и многузборни, наративно-лирични поеми. Најпосле, таа се испробала и во прозата, пишувајќи романи во стилот на постмодерните пишувачки техники.[5]

Нејзини поважни дела се:

  • Рожби од исток (1992)
  • Огнот на буквите (1994)
  • Изгризани нокти (1998)
  • Нобел против Нобел (2001)
  • Скриена камера (роман)
  • Резервен живот (роман, „Или-или“, 2012)
  • Црно на бело (поезија, „Или-или“, 2016)[6]
  • Но-Уи (роман, „Или-или“, 2016)[7]

Исто така, Димковска е составувач на антологијата „Дваесет млади македонски поети“ (2000).

Наводи уреди

  1. „Награда за романот „Скриена камера" на Димковска“. Дневник. Посетено на 6 мај 2020.
  2. Роберт Алаѓозовски, „Светот нема ни глава, ни опашка“, Економија и бизнис, год. 16, бр. 179, мај 2013, стр. 74-75.
  3. Марина Лазаревска, „Димковска: ФИРОМ ме принуди да одржам политички говор“, Дневник, год. XVII, бр. 5328, петок, 29 ноември 2013, стр. 19.
  4. „Промовирано бугарското издание на „Резервен живот“ од Лидија Димковска“, Дневник, година XIX, број 5772, петок, 22 мај 2015, стр. 23.
  5. Роберт Алаѓозовски, „Светот нема ни глава, ни опашка“, Економија и бизнис, год. 16, бр. 179, мај 2013, стр. 74.
  6. „Промоција на новата книга на Лидија Димковска“, Дневник, година XX, број 5992, четврток, 18 февруари 2016, стр. 19.
  7. Роберт Алаѓозовски, „Нелагодност во вдомувањето“, Економија и бизнис, година 18, број 220, октомври 2016, стр. 101-103.

Надворешни врски уреди