Либаово

(Пренасочено од Либахово)

Либаово, Либахово или Либаво (грчки: Φιλυριά, Филирија; до 1926 г. Λιμπάχοβο[2]) — село во Гуменџиско, Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на Кукушкиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци.[3] Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци.[3]

Либаово
Φιλυριά
Поглед на селото
Поглед на селото
Либаово is located in Грција
Либаово
Либаово
Местоположба во областа
Либаово во рамките на Пајонија (општина)
Либаово
Местоположба на Либаово во Кукушкиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°54.00′N 22°28.39′E / 40.90000° СГШ; 22.47317° ИГД / 40.90000; 22.47317Координати: 40°54.00′N 22°28.39′E / 40.90000° СГШ; 22.47317° ИГД / 40.90000; 22.47317
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки
ОпштинаПајонија
Општ. единицаГуменџе
Надм. вис.&10000000000000160000000160 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно246
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа на 6 км јужно од Гуменџе во областа Бојмија во Солунското Поле. Лежи во источното подножје планината Пајак.

Историја уреди

Праисторија и антика уреди

На трапезоидна височина на 150 м југозапдано од селото е откриено древна населба со остатоци од праисториско, римско и хеленистичко време. Лево од патот Кушиново – Либаово, во месноста Извор на 1,1 км од Либаово е откриена римска градба со изобилство од керамички остатоци и архитектонски елементи.[4]

Во Отоманското Царство уреди

Во XIX век Либаово било чисто македонско село во Ениџевардарската каза. Црквата „Св. Недела“ е од првата половина на XIX век.[5] Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) го опишал Љубарово како македонско село.[6][7]

На австроунгарската военна карта селото е означено како Либахова (Libahova),[8] а на картата на Кондојанис се води како Либиновон (Λιμπίνοβον), христијанско село.[9]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Либаво (Либахово) живееле 145 Македонци христијани.[10][11] Целото население на Либаово било под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Либаво (Libavo) имало 176 Македонци, сите под Егзархијата.[10][12]

Според кукушкиот околиски училиштен инспектор Никола Хрлев во 1909 г. Либаово имало 20 македонски[10] егзархиски куќи, сите чифлик. Зимно време во селото живееле и 6-7 влашки семејства кој тој ги нарекува „националисти“, т.е. со романска свест. Освем со земјоделство, населението се занимава со лозарство и бубарство. Двокатната зграда на бугарското училиште е изградена во 1905 г.[13]

По данни на Екзархията в 1910 година Либаново е чифлигарско село со 18 семејства сочинети од 128 жители Македонци и една црква.[10][14]

Во 1910 г. Халкиопулос напишал дека во селото (Λιμπάχοβον) имало 120 егзархисти.[9][15]

Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека Либихово пред Балканските војни имало 40 куќи на Македонци христијани.[16]

Во Грција уреди

По Балканските војни во 1913 г. Тушилово било припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Во 1912 г. е заведенои како село со христијанска религија и македонски јазик. На пописот од 1913 г. се заведени 144 лица, од кои 83 мажи и 61 жени.[9] Во 1920 г. во Либаово се попишани 111 лица.[3]

Добар дел од жителите биле принудени да се иселат во Бугарија и ликвидирани се 24 нивни имоти.[9] Во 1920-тите властите довеле грчки доселеници од Источна Тракија, Понд и Мала Азија. Малоазијците всушност се од селото Киздервент чие население се Македонци од Охридско присилно иселени таму на почетокот на XVIII век за да бидат дервенџии, чиј јазик и денес е смеса од македонски со турски зборови.[17][18] Во 1928 г. селото е претставено како мешано со 265 жители,[3] од кои 234 биле дојденци (69 семејества).[19]

Месности во Либаово преименувани со службен указ на 31 јули 1969 г.
Име Грчки Ново име Грчки Опис
Леска[20] Λέσκα Фундуки Φουντούκι[21] река на ЈЗ од Либаово[20]
Извор[20] Ίσβορον Пиги Πηγή[21] месност на Ј од Либаово[20]
Вакуфи[20] Μακούφια Монастирија Μοναστήρια[21] месност на ЈЗ од Либаово и на ЈИ од Геракарци[20]
Ѓупката[20] Γιουπκτα Гифтиса Γύφτισσα[21] месност на Ј од Цигарево и на И од Радомир[20]
Градишта[20] Γράδιστα Петротон Πετρωτόν[21] возвишение на З од Цигарево и на С од Радомир[20]
Нишан Таш[20] Νισάν Ντασι Пирамида Πυραμίδα[21] возвишение на ЈЗ од Геракарци и на И од Цигарево (325,6 м)[20]
Орманово[20] Όρμάνοβον Дасотон Δασωτόν[21] месност на ЈЗ од Геракарци и на СИ од Цигарево[20]
Курија[20] Κουρί Дасаки Δασάκι[21] возвишение на СЗ од Либаово и на С од Геракарци (266 м)[20]
Вирот[20] Βίροτ Пиги Πηγή[21] река на И од Либаово[20]

Население уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 462 352 381 333 329 304 279 246
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство уреди

Населението на селото одгледува жито, тутун и памук. Сточарството е слабо развиено.[3]

Културни и природни знаменитости уреди

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 61. ISBN 9989-9819-6-5.
  4. „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Α1/Φ43/57683/3282 π.ε./17-4-1996 - ΦΕΚ 294/Β/3-5-1996“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 9 јули 2021. Посетено на 26 јуни 2018.
  5. „10. Ιερός ναός Αγίας Κυριακής Φιλυριάς“. Ανάδειξη των Μεταβυζαντινών Μνημείων στην Μητροπολιτική Περιφέρεια Γουμενίσσης- Αξιουπόλεως - Πολυκάστρου μέ κέντρο τό Δήμο Ευρωπού. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 24 јуни 2014.
  6. Нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда.
  7. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи (съ картою окресностей охридскаго и преспанскаго озеръ) Виктора Григоровича (PDF) (Изданіе второе. изд.). Москва: Типографія М. Н. Лаврова и Ко. 1877. стр. 91.
  8. Generalkarte von Mitteleuropa 1:200.000 der Franzisco-Josephinischen Landesaufnahme (германски). Österreich-Ungarn. ab 1887-1914. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 „Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Γιανιτσών 1886 – 1927“. lithoksou.net. Посетено на 16 јули 2019.
  10. 10,0 10,1 10,2 10,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  11. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 147. ISBN 954430424X.
  12. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 102–103.
  13. Извори за българската етнография, т. 3, Етнография на Македония. Материали из архивното наследство, София 1998, с. 85-86.
  14. Шалдев, Христо. Областта Боймия в Югозападна Македония. Македонски преглед, 1930, 6:1, стр. 61–69.
  15. Χαλκιόπουλος, Αθανάσιος (1910). Εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου. Αθήναι.
  16. Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 28.
  17. Шишманов, Димитър. „Необикновената история на Малоазийските българи“, II издание, „Пони“, София, 2001, стр. 49-50.
  18. Καραλίδου, Φωτεινή, Η περίπτωση ενσωμάτωσης των κατοίκων του Κίζδερβεντ Μ. Ασίας στον ελλαδικό χώρο, μεταπτυχιακή εργασία, τμήμα Ιστορίας και Αρχαιολογίας, Φ.Λ.Σ., Α.Π.Θ., Θεσσαλονίκη, 1992., Архивирано од изворникот на 23 декември 2009, Посетено на 23 март 2010
  19. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
  20. 20,00 20,01 20,02 20,03 20,04 20,05 20,06 20,07 20,08 20,09 20,10 20,11 20,12 20,13 20,14 20,15 20,16 20,17 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  21. 21,0 21,1 21,2 21,3 21,4 21,5 21,6 21,7 21,8 „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 483. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 147): 1050. 1969. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)