Лешно (полски: Leszno — град кој се наоѓа во Полска, во Големополското Војводство, со население од 64.612 жители според податоци од 2014 година. Лешно е седиште на Лешничкиот регион.

Лешно
Historic tenements on the main square
Historic tenements on the main square
Знаме на ЛешноГрб на Лешно
Гесло: "Leszno — rozwiń skrzydła"
"Leszno — spread your wings"
Лешно is located in Полска
Лешно
Лешно
Координати: 51°51′N 16°34′E / 51.850° СГШ; 16.567° ИГД / 51.850; 16.567
Земја Полска
ВојводствоГолемополско Војводство
ОкругЛешнички
ОпштиниЛешно
Основање14 век
Градски статус1547
Управа
 • ГрадоначалникЛукаш Боровијак
Површина
 • Вкупна31,9 км2 (123 ми2)
Население (2014)
 • Вкупно64.612
 • Густина200/км2 (520/ми2)
Часовен појасEET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+2)
Поштенски код64-100 to 64-110
Повик. бр.+48 065
Регистарски  табличкиPL
Мреж. местоwww.leszno.pl

Историја уреди

 
Седиште на градската управа
 
Црквата Св. Јован Крстител
 

Населбата веројатно се појавила во 13 век. Лешно како дел од Познанското Кнежевство о за првпат се споменува во историските документи во 1393 година, кога оваа територија била во сопственост на Стефан Карнина од семејството Венијава.

Во околу 1516 година протестантски бегалци од Бохемија се населиле во Лешно по покана на владејачкото семејство Лежчински, кои претходно од 1473 година го имале прифатено калвинизмот. Со доаѓањето на протестантите, градот започнал да се проширува територијално и по број на население за да во 1547 година добиле статус на град. Благодарените на активноста на протестантската заедница чиј број се зголемил поради приливот на бегалци од Шлеска, Чешка и Моравија во Триесетгодишната војна, Лешно станал еден од најголемите центри во регионот. По 1631 година градот се стекнал со дополнителни привилегии од страна на кралот Сигисмунд III, третирајќи го како еднаков со најважните градови на Полска. Во тоа време во градот работела гимназијата.

Златното доба на Лешно завршил за време на Втората северна војна, кога градот бил запален на 28 април 1656 година. Во следниот период градот бил повторно изграден, но и повторно бил запален за време на Големата северна војна од страна на руските сили во 1707 година и бил уништен од чума во 1709 година.

За време на Втората поделба на Полска во 1793 година, градот припаднал на Прусија, и по Наполеоновите војни било вклучено во територијата на војводството. Во 1887 година Лешно станал административен центар. Жителите на градот учествувале во Големото полско востание од 1918-1919 година, по чиј крај градот станал дел од Полска преку Версајскиот договор. Започнувајќи од 17 јануари 1920 година месното население морало да се стекне со полско државјанство. Во 1939 година во градот влегле силите на Нацистичка Германија. Поголемиот дел од еврејското население на градот биле убиени од страна на нацистите.

По поразот на Нацистичка Германија, градот се вратил во територијата на Полска во 1945 година. Во следниот период градот бил подложен на период на брз развој, особено во периодот од 1975 и 1998 година, кога бил седиште на војводство.

Географија уреди

Градот се наоѓа во југозападниот дел на Големополското Војводство во близина на границата со Лубушкото и Долношлеското војводство.

Население уреди

Населението на градот е 64.713 лица (2012). Густината е 2031,0 лице на километар квадратен.

Население по години уреди

  • 1910 - 17 156
  • 1920 - 17 333
  • 1939 - 21 000
  • 1946 - 20 820
  • 1960 - 29 157
  • 1970 - 33 985
  • 1980 - 49 237
  • 1990 - 58 282
  • 2000 - 62 837
  • 2008 - 64 142

Старосна структура[1]. уреди

 

Спорт уреди

  • Мотоцикл клуб Лешно

Во градот постои клубот Чешно кој бил основан на 8 мај 1938 година. По крајот на војната клубот продолжил со работа. На 28 јули 1949 година мотоцикл клубот Лешно го променил своето име во Унија Лешно. Unia Leszno е многу успешен клуб кој има освоено многу награди и медали во текот на годините, со 78 различни медали од формирањето на клубот.

  • Аеро-клуб Лешно

Аеро-клубот Лешно е најголемиот аеро-клуб. Клубот бил домаќин на Светското првенство во едрење во 1958, 1969 и 2003.

Наводи уреди

  1. http://www.polskawliczbach.pl/Leszno, w oparciu o dane GUS.

Надворешни врски уреди