Лешничани
Лешничани или Летен — село во општината Булчица на Дебарската област, источна Албанија. Населено е со Македонци-муслимани.[1]
Географија уреди
Селото се наоѓа во македонската област Голо Брдо.
Историја уреди
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Лешничани/Лешница (Lechnitza) било село со 25 домаќинства со 54 жители Македонци-муслимани.[2][3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Летен 240 Македонци-муслимани[2][4] кои се во процес на албанизација:
„ | Жителите на селата Острени (Големо и Мало), Трново (Големо и Мало), Клење, Летен, Џепишта, Ербеле, Обоки, Макелари и др. претпочитат да се изјаснуваат како Арнаути и да зборуваат арнаутски.[5] | “ |
По Првата балканска војна во 1912 г. Лешничани влегло во состав на Албанија.
Во извештајот на Сребрен Поп Петров, главен инспектор-организатор на бугарската црковно-училишна дејност во Албанија, во 1930 г. Лешничани е посочено како како село со 120 куќи на Македонци-муслимани.[2][6]
До 2015 г. селото било во состав на Општина Острени.
Демографија уреди
Култура уреди
Личности уреди
Поврзано уреди
Наводи уреди
- ↑ Видоески, Божидар (1998). Дијалектите на македонскиот јазик, том I (PDF). Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. стр. 339. Архивирано од изворникот (PDF) на 2021-06-20.
Во повеќето од спомнативе села живее население - со македонски и со албански мачин јазик. Албанското население доминира во северните голобрдски села (Себишта, Пасинки, Врмница, Големо и Мало Острени). Селата: Лешничани, Требиште, Српетово, Торбач, Љуболези, Владимирица и Тучепи се населени со Македонски муслимани (Торбеши), а во Себишта, Требиште, Г. и М. Острени живее мешано население - православни и Торбеши.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 172 – 173.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 261. ISBN 954430424X.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 90. ISBN 954430424X.
- ↑ Доверлив извештај бр. 54 на Сребрен Поп Петров
Надворешни врски уреди
Оваа статија за место во Албанија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |