Лешница (Светиврачко)

село во Светиврачко, Пиринска Македонија (денешна Општина Сандански, Благоевградска област, Бугарија)

Лешница село во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Лешница
Лешница is located in Бугарија
Лешница
Лешница
Местоположба во областа
Лешница во рамките на Пиринска Македонија
Лешница
Местоположба на Лешница во Општина Свети Врач и Благоевградската област
Координати: 41°32′N 23°17′E / 41.533° СГШ; 23.283° ИГД / 41.533; 23.283Координати: 41°32′N 23°17′E / 41.533° СГШ; 23.283° ИГД / 41.533; 23.283
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаСвети Врач
Површина
 • Вкупна9.037 км2 (3,489 ми2)
Надм. вис.&10000000000000198000000198 м
Население (2015)
 • Вкупно668
 • Густина0,074/км2 (0,19/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2808
Повик. бр.07431

Географија и местоположба уреди

Селото Лешница се наоѓа на 5 километри јужно од Свети Врач, во подножјето на планината Пирин, во сливот на реката Боджовска. Летата се топли и долги, а зимите се благи. Селото се наоѓа на надморска висина од 198 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 9.037 км2. Покрај селото во близина поминува магистралниот пат Е79 (Видин-Софија-Култа-Солун).

Историја уреди

Османлиско Царство уреди

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Лешница (Léchnitsa) е село со 16 семејства од кои 20 Турци и 20 Македонци[1][2].

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Лешница, чифлик на мелничкиот грк Деко. Се наоѓа на една ливада до една притока на Бистрица, за СЗ од Мелник 2 1/2 часа. Црква, која е затворена од некое време. Бугарски куќи 5, турски 5. Пред 10-тина години било село од 20 куќи.[1][3]


Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 55 жители, од кои 30 Турци и 55 Македонци[1][4].

Бугарија уреди

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

Во 1936 година била изградена хидроцентрала Лешница, која го електрифицирала целото село. Постои проект за изградба на канализациски систем.

Културни знаменитости уреди

Во Лешница има кметство, центар на заедницата со библиотека, мала капела и продавници. Здравствените и образовните институции се во соседниот град Свети Врач. Во селото има читалиште „Никола Јонков Вапцаров“ со библиотека од 1800 тома литература.

Во селото се наоѓа црквата „Св. Козма и Дамјан“. Во селото има понуда за посетителите кои можат да бидат сместени во пријатни соби. Во близина на селото се наоѓа одморалиштето Сандански.

Население[1][5] уреди

Население на Лешница по попис[5]
Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015
Жители 390 612 613 565 652 822 903 838 769 668
Етнички состав на населението
од 2011 година[6]:
Националност Население Процент
Бугари 692 96,24%
Роми 23 3,2%
Вкупно 719
Население по возраст
од 2011 година
[7]:

Личности уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  2. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 140-141.
  3. Стрезов, Георги. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн. XXXVII и XXXVIII, 1891, стр. 28.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 189.
  5. 5,0 5,1 (бугарски) https://web.archive.org/web/20160304125710/http://www.nsi.bg/nrnm/show9.php?sid=2212&ezik=bul. Архивирано од за населението на с. Лешница, общ. Сандански, обл. Благоевград изворникот Проверете ја вредноста |url= (help) на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04. Отсутно или празно |title= (help)
  6. "&"Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и самоопределение по етническа принадлежност към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-04-05. Посетено на 2012-03-18.
  7. „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.