Летни олимписки игри 1996

Летните олимписки игри - 1996 или официјално познати како Игрите на 26. Олимпијада се одржаа во Атланта. Градот беше избран за домаќин на игрите во Токио во 1990 со победата над градовите Атина, Белград, Манчестер, Мелбурн и Торонто.

XVII Зимски олимписки игри
Град домаќин
Бр. на држави 197
Бр. на спортисти 10,320
(6,797 мажи, 3,523 жени)
Натпревари 271 од 26 спортови
Отворени
Затворени
Официјално отворени од: Бил Клинтон
Спортска заклетва Тереза Едвардс
Олимписка заклетва Хобл Билингсли
Олимписки оган Мухамед Али
Стадион

Изборот на град-домаќин уреди

Некои чувствувале дека најповолно е Атина да биде град домаќин на игрите како 100 -годишнина од одржувањето на првите модерни олимписки игри. Но, сепак МОК истакнал дека Атина не може да ги организира игрите во 1996, туку евентуално игрите во 2004. Гласањето за избор на град-домаќин на игрите се одржало во рамките на 96. сесија на МОК во Токио на 18 септември 1990. Во следнава табела се дадени резултатите од гласањето за избор на град-домаќин на игрите (the International Olympic Committee Vote History Архивирано на 25 мај 2008 г.).

Резултати од гласањето за избор на град-домаќин на Летните олимписки игри - 1996
Град Земја Прв круг Втор круг Трет круг Четврти круг Петти круг
Атланта   САД 19 20 26 34 51
Атина   Грција 23 23 26 30 35
Торонто   Канада 14 17 18 22 -
Мелбурн   Австралија 12 21 16 - -
Манчестер   Обединето Кралство 11 5 - - -
Белград   Југославија 7 - - - -

Ретроспектива уреди

  • Македонија дебитирала на Олимписките игри како независна земја-учесничка.
  • Мухамед Али го донел олимпискиот факел на олимпискиот стадион.
  • Словенечкиот спортист и поранешен гимнастичар Леон Штукељ присуствувал на церемонијата на свеченото

отворање на игрите на возраст од 97 години.

Спортови уреди

Земји-учеснички уреди

 
Учесници 1
Сина = Дебитанти на игрите. Зелена = Земји кои претходно учествувале. Жолтиот квадрат го означува градот-домаќин на игрите (Атланта)

На игрите во Атланта настапиле 10,318 спортисти од 197 земји.[1] 24 земји дебитирале на Летните олимписки игри. Најголем број биле земји кои на претходните игри биле дел од Заедницата на независни држави. Русија настапила како независна земја за првпат по Летните олимписки игри - 1912 кога настапила како Руска Империја.

14 земји дебитирале на Олимписките игри: Македонија, Комори, Палестина, Науру, Доминика, Азербејџан, Бурунди, Зелено'ртска Република, Сент Кити и Невис, Света Луција, Сао Томе и Принципе, Гвинеја-Бисао, Таџикистан и Туркменистан.

10 земји за првпат настапиле на Летните олимписки игри, но претходно настапиле на Зимските олимписки игри - 1994 одржани во Лилехамер: Ерменија, Белорусија, Чешка, Грузија, Казахстан, Киргистан, Молдавија, Словачка, Украина и Узбекистан.

Освојувачи на медали уреди

 Место  Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1   САД (домаќин) 44 32 25 101
2   Русија 26 21 16 63
3   Германија 20 18 27 65
4   НР Кина 16 22 12 50
5   Франција 15 7 15 37
6   Италија 13 10 12 35
7   Австралија 9 9 23 41
8   Куба 9 8 8 25
9   Украина 9 2 12 23
10   Република Кореја 7 15 5 27

Наводи уреди

Надворешни врски уреди