Лер (округ)

округ во Долна Саксонија, Германија

Лер (германски: Leer) — округ (Landkreis) во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Административното окружно седиште е во истоимениот град. Се граничи со градот Емден, окрузите Аурих, Витмунд, Фризија, Амерланд, Клопенбург и Емсланд, како и со холандската покраина Гронинген.

Лер
Landkreis Leer

округ
Грб на Лер Landkreis Leer
Земја Германија
ПокраинаДолна Саксонија
СедиштеЛер
Површина
 • Вкупна1.086 км2 (419 ми2)
Население (31 декември 2020)[1]
 • Вкупно171.483
 • Густина160/км2 (410/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.LER
Мреж. местоlandkreis-leer.de

Географија уреди

Округот е сместен во јужниот дел на областа Источна Фризија. Низ него тече реката Емс, доаѓајќи од Емсланд на југ и завршува во заливот Доларт на Северното Море. Во него влегува и островот Боркум од групата Источнофризиски Острови. Дел од Лер е зафатен од Националниот парк „Долносаксонско Ваденско Море“.

Историја уреди

Во 1744 година цела Источна Фризија е припоена кон Прусија. Во 1867 година, областа е поделена на окрузи, и основани се окрузите Лер и Венер. Во 1932 година тие се соединиле. Грбот на округот е оној на источнофризиското поглаварско семејство Укена кое владеело со овој крај во XV век.

Градови и општини уреди

 
Градови и општини во округот Лер.
Градови Слободни општини Слободни области Општински заедници
  1. Боркум
  2. Венер
  3. Лер
  1. Бунде
  2. Вестоверлединген
  3. Јемгум
  4. Мормерланд
  5. Остраудерфен
  6. Раудерфен
  7. Упленген
  1. Литје Херн
  1. Детерн
  2. Нортмор
  3. Филзум1
  1. Бринкум
  2. Нојкамперфен
  3. Фирел
  4. Хезел1
  5. Холтланд
  6. Шверинсдорф
1седиште на општинската заедница

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)

Надворешни врски уреди

53°15′N 7°30′E / 53.25° СГШ; 7.5° ИГД / 53.25; 7.5