Леонат (грчки: Λεοννάτος; 356 п.н.е. - 322 п.н.е.), командант во војската на Александар Македонски и еден од дијадосите.

Тој бил член од кралската фамилија на Врскаестите, мало кралство кое било припоено на Македонија од страна на кралот Филип II Македонски. Леонат бил на иста возраст како и Александар и бил многу близок со него. Подоцна, тој бил еден од седумте телохранители на Александар, или соматофилаки. После смртта на Александар во 323 п.н.е., регентот, Пердика, го направил Леонат сатрап на Хелеспонтска Фригија.

Сестрата на александар Клеопатра Македонска, вдовицата на кралот Александар I Епирски, му ја понудила раката на Леонат. Кога Атињаните слушнале дека Александар починал, тие се побуниле против Македонската власт и новиот регент, Антипатар. Леонат повел војска од 20,000 пешадијци и 1,500 коњаници за да го ослободи Антипатар од опсадата кај Ламија (видете Ламиска Војна). Тој најверојатно интервенирал со амбиција да ја узурпира власта на Анитипатар.[се бара извор] Победата во битката против Атињаните веројатно ќе ја зголемела неговата шанса за заземање на престолот. Леонат бил убиен во битката против Атињаните а неговиот брак со Клеопатра Македонска не се случил.

Надворешни врски уреди