Лезово

село во Општина Пробиштип

Лезово — село во Општина Пробиштип, во Злетовско-пробиштипскиот регион, во околината на градот Пробиштип.

Лезово

Поглед на селото Лезово

Лезово во рамките на Македонија
Лезово
Местоположба на Лезово во Македонија
Лезово на карта

Карта

Координати 41°55′0″N 22°10′58″E / 41.91667° СГШ; 22.18278° ИГД / 41.91667; 22.18278
Регион  Источен
Општина  Пробиштип
Област Злетовско-пробиштипско
Население 16 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2210
Повик. бр. 032
Шифра на КО 21019
Надм. вис. 400 м
Лезово на општинската карта

Атарот на Лезово во рамките на општината
Лезово на Ризницата

Географија и местоположба уреди

 
Поглед во селото

Селото се наоѓа на јужниот дел на територијата на Општина Пробиштип, на десната страна на Злетовска Река, а недалеку од патот кој од градот Пробиштип води до регионалниот пат Штип-Кочани.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 400 метри. Од градот Пробиштип, селото е оддалечено 13 километри.[2]

Селото е поврзано преку асфалтен пат, кој се исклучува од регионалниот пат 1205.

Историја уреди

Подрачјето на Лезово е населено уште од доцноантичкото време, за што сведочат наоѓалиштата во неговата околина.[3]

Во септември 1910 година, селото настрадало за време на младотурската акција на разоружување, при што 9 лица од селото биле уапсени и измачувани.[4]

За време на Првата балканска војна, од селото имало 5 доброволци кои биле дел од Македонско-одринските доброволни чети.[5]

Стопанство уреди

Атарот на селото зафаќа простор од 7,4 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 357 хектари, на пасиштата отпаѓаат 330 хектари, додека шумско земјиште нема.[2]

Во основа, може да се каже дека селото има полјоделска функција.[2]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948319—    
1953353+10.7%
1961375+6.2%
1971248−33.9%
1981160−35.5%
ГодинаНас.±%
1991104−35.0%
199489−14.4%
200244−50.6%
202116−63.6%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Лезово имало 180 жители, сите Македонци.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лезово имало 240 жители, сите Македонци.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[8]

Лезово преминало од средно во мало село по големина. Во 1961 година, селото имало 375 жители, од кои 358 биле Македонци, а 17 жители муслимани (етничка припадност), а во 1994 година само 89 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Лезово живееле 44 жители, сите Македонци.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 16 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 180 240 319 353 375 248 160 104 89 44 16
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови уреди

Лезово е македонско село.[14]

Според истражувањата од 1970-тите, родови во селото се:

  • Староседелци: Оџевци (5 к.), Мирасчијци (6 к.), Голубовци (4 к.) и Џамбасци (2 к.).
  • Доселеници: Караџовци (3 к.), доселени се во XIX век од селото Пишица; Домазетовци (10 к.), потекнуваат од домазет кој дошол од селото Судик во Овче Поле; Маловци (7 к.), доселени се од селото Гајранци; Субашинци (5 к.), доселени се од селото Гујновци; Наџаковци (2 к.), биле чифличии во селата Куково, Жиганци и некое друго, а овде се доселиле во почетокот од XX век; Серафимовци (2 к.), доселени се од селото Врбица; Ранковци (2 к.), Крнчовци и Гугутка (1 к.), доселени се, но не знаат од каде.

Општествени установи уреди

  • Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика уреди

Кон крајот на XIX век, Лезово било село во Штипската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Пробиштип, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што биле споени поранешните општини, Пробиштип и Злетово. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пробиштип.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Пробиштип. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Пробиштип.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Трооло, во која покрај селото Лезово, се наоѓале и селата Бучиште, Гајранци, Гујновци, Зарапинци, Куково, Пестришино, Пуздерци, Стризовци и Трооло. Општината Трооло постоела и во периодот 1950-1952 година.

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 1548 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 8 гласачи.[16] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 9 гласачи.[17]

Културни и природни знаменитости уреди

 
Главната селска црква „Св. Никола“
Археолошки наоѓалишта[3]
  • Градиште — градиште од доцноантичкото време;
  • Колиби — населба од доцноантичкото време; и
  • Орлов Камен — населба од доцноантичкото време.
Цркви[18]
Реки[19]

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 175.
  3. 3,0 3,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 322. ISBN 9989-649-28-6.
  4. „Дебърски глас“. Година 2, бр. 38. 3 април 1911. стр. 3.
  5. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 858.
  6. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 232.
  7. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 134-135.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 9 јануари 2017.
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. Апостолов Александар; Кондев Тодор; Апостол Керамидчиев (1974). Злетовска област-Географско-историски осврт. Скопје.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  17. „Локални избори 2021“. Посетено на 26 ноември 2022.
  18. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 28. ISBN 978-608-65143-2-7.
  19. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 12. ISBN 978-9989-2117-6-8.

Надворешни врски уреди