Изработување скулптури од мраз е еден вид на вајарство во кое како материјал за работа се користи мраз. Склуптурите од мраз можат да бидат апстрактни или реалистични, но и практични или пак само да служат како украс. Најчесто, тие се поврзуваат со посебни или невообичаени настани, поради нивниот ограничен животен век.

Замок од мраз на Зимскиот карневал во Квебек од 2009 година

Животниот век на една скулптура главно зависи од температурата на нејзината околина, па според тоа, една скулптура може да издржи од неколку минути до неколку месеци. Постојат неколку фестивали на мраз кои се одржуваат во светот, и на нив се организираат натпревари за резба на скулптури од мраз.

Материјал уреди

 
Мексикански вајар Абел Рамирес Агилар и скулптура од мраз Чакмул

Изработувањето мраз со себе носи бројни тешкотии поради непостојаноста и нестабилноста на овој материјал. Мразот може да се изработува на различни температури, а својствата на мразот ќе се сменат зависно од неговата температура, како и околните температури. Обично скулптури се резбаат од блок од мраз. Блоковите од мраз мора внимателно да се изберат за да бидат соодветни за намерите на вајарот, а воедно треба да се ослободат од какви било примеси. Обично, идеален мраз за резба е оној од чиста вода, без примеси. Меѓутоа, чистиот, проѕирен мраз е резултат на процес на замрзнување и не секогаш се поврзува со чистотата на водата. Честопати нечистиот мраз е резултат на прецизно вовлечените молекули во воздухот кои се стремат да се сврзат со примесите додека водата природно се замрзнува. Механички чист мраз обично се добива како резултат на регулирање на процесот на замрзнување со циркулација на вода во комора за замрзнување. Овој процес се стреми кон отстранување на сиот воздух вовлечен при сврзувањето со примесите во процесот на замрзнување. Одредени машини и процеси овозможуваат бавно замрзнување и отстранување на примесите, па затоа тие се во состојба да создадат чисти блокови од мраз кои се поволни за резбарите на мраз. Меѓутоа, сите блокови кои се резбаат не се чист мраз. Белите блокови од мраз изгледаат како да се од снег, па некогаш се резба и на нив. Блокови од мраз во боја се создаваат со додавање боја на мразот, па потоа и на нив може да се резба. Во некои случаи, за да се постигнат посебни ефекти се комбинираат чист и обоен мраз.

Постојат различни големини на блокови од мраз што се создаваат по вештачки пат. Блоковите што се создаваат по природен пат може да се пресечат на која било големина од заледени реки или од „замрзнати каменоломи“, кои всушност се замрзнати езера или бари. За големите блокови мраз да може да се поместуваат се потребни големи машини и тие се употребуваат на големи настани за изработување скулптури од мраз или како дел од хотел од мраз.

Техники уреди

Температурата на средината влијае на тоа колку брзо делото треба да се заврши за да се избегнат последиците од топење. Ако изработувањето скулптури не се одвива во ладна средина, тогаш вајарот мора брзо да го заврши своето дело. Некои скулптури може да се завршат за само 10 минути, ако резбарот користи моќни алатки како што се циркуларната пила и специјалното сечило вградено во брусилка.

Исто така, вајарите на мраз користат длета, остри како нож и рачни пили што специјално се наменети за сечење мраз.

Денес многу скулптури се создадаваат машински бидејќи различни технологии се приспособени за резба на мраз. Бројчено управуваните машини (анг. Computer numerical control) и системите за обликување денес обично се користат за да направат скулптури и сложени лога од мраз. Можни се и ефекти во боја, благодарение на голем број техники, вклучувајќи го додавањето гел во боја или песок на мразот.

Овој вид на уметност по традиција се учи во кулинарските училишта и притоа се користат учебници како што се: Модерен начин на изработување скулптури од мраз (анг. Ice Sculpting the Modern Way), Како лесно да се направи резба од мраз (анг. Ice Carving Made Easy) од Жосеф Амендола и Изработување скулптури од мраз: Уметноста резба од мраз во 12 систематски чекори (анг.Ice Sculpture: The Art of Ice Carving in 12 Systematic Steps) од Мек Винкер. Постојат и мали училишта во кои се учи за резба од мраз. Мразот може да стане чист по резбањето со примена на топлина од цилиндар со пропан или гас МАПП (анг. methylacetylene-propadienepropane). Ова овозможува промена на непрoѕирниот ефект што се добива кога се резба. Мразот станува чист откако ќе се растопи надворешната страна. Треба да се внимава бидејќи мразот се топи многу брзо и краевите и облиците може да попуштат.

Употреби уреди

Скулптури од мраз се појавуваат како декорација во некои кујни, а се употребуваат и за подобро презентирање на разни видови храна, особено ладна храна како што е морската или десерти со мраз, овошен сок и шеќер. Во приказната за создавањето на храната Пич Мелба се раскажува за главниот готвач Огист Ескофје кој употребил лебед од мраз за да ја презентира храната.[1] Неколку големи ресторани и хотели ќе користат скулптури од мраз за декорација на празничните шветски маси и неделните појадоци. И шветските маси во бродот кој крстари употребуваат скулптури од мраз.

Скулптури од мраз често се употребуваат на свадби, обично како некој вид на декорација. На свадбите популарни теми од скулптурите од мраз се срца, гулаби и лебеди. Лебедите се познати по моногамија, што делумно ја образложува нивната популарност.

Скулптурите од мраз може да се најдат во бар, во форма на санка од мраз за двајца, или дури целиот бар може да биде направен од мраз.

Изработување скулптури од мраз во светот уреди

Постојат многу меѓународни настани за изработување скулптури од мраз и снег во светот. Најголемите настани се разбира, се одржуваат во земјите што се одликуваат со ладни зими. Поради поделбата на земјата и густината на населението во областите што се далеку од еквадторот, големи настани за изработување скулптури од мраз се одржуваат речиси само во северната полутопка. Многу држави, некои од нив наведени подолу, си имаа традиции за изработување скулптури од мраз и на тој начин придонесоа за оваа уметност. Уметниците за мраз од овие држави редовно учествуваат на меѓународните настани за изработување скулптури од мраз.

Белгија уреди

Скулптурите од мраз беа изложени на Фестивалот за изработување скулптури од мраз на 28 ноември 2010 година, во Брухе, Белгија. Повеќе од 300 000 килограми мраз беа транспортирани за вајарите да работат на него во специјални шатори и тоа траеше до 16 јануари 2011 година.[2]

Канада уреди

 
Замок од мраз на меѓународниот натпревар и изложба за изработување скулптури од мраз, 2005 година, Лејк Луис, Алберта

Во Канада, Квебек Сити, Квебек, секоја година за време на Зимскиот карневал во Квебек Сити се одржува фестивал за изработување скулптури од мраз. Фестивалот за изработување скулптури од мраз трае околу три недели. Поради вистинската разновидност од скулптури од мраз и големиот број посетители, некои луѓе сметаат дека фестивалот во Квебек е најдобриот во светот. Секоја година се избираат околу дваесет екипи за учество во натпреварот. Половина од овие екипи доаѓаат од Канада, додека другите, од други земји. Изработувањето скулптури од мраз стана значајно во Квебек во 1880-тите години, кога традиционалните вајари како Луј Жобен, ги насочија своите вештини кон ова непостојано средство.

Секоја година во Лејк Луис, што се наоѓа во националниот парк Баниф, на третиот викенд во јануари се одржува тридневен настан наречен Магија од мраз. Одобрени од Националнната асоцијација за резба од мраз, професионалните резбари ги повикуваат да се натпреваруваат на овој настан што се одржува во сенката на покривката од ледник на планината Викторија. На дванаесет екипи од по три резбари им даваат 15 блока мраз, од кои секој тежи по 300 фунти, и кои за три дена резбарите мора да ги претворат во скулптури од мраз. Ако дозволи времето, скулптурите остануваат изложени до март.

На годишниот фестивал Дип Фриз во Едмонтон, Алберта, на вториот викенд од јануари се одржува натпревар за резба од мраз со делкање со циркуларна пила.[3] Професионалци и аматери прават скулптури, а притоа користат три блока мраз. Секоја година се избира различна тема, во 2013 година темата беше „Дивиот Запад“.

Во главниот град на Канада, меѓународниот натпревар за резба од мраз на кој се оди со покана, Кристал Гарден, започнува секој февруари, како дел од зимскиот фестивал во Отава, Винтерлуд. Натпреварот се одржува во паркот на Конфедерацијата во Отава, а и на бреговите на езерото Лими во Гатино, преку Реката Отава. Постојат три категории: соло категорија, категорија во парови и предизвик на една група. Покрај скулптури што се изработуваат за натпреварот, многу скулптури од мраз се изработуваат и за декорација на пределот Винтерлуд.

Во Кингстон, Онтарио, секоја година Кралскиот воен колеџ на Канада and Универзитетот Квинс одржуваат натпревар, Фебфест, за изработување скулптури од снег, карактеристични тврдини од снег, во паркот на Конфедерацијата. Тврдината од снег не треба само да изгледа убаво туку треба да биде и безбедна за да може во неа да си играат деца. Во 2008 година, тврдината од снег на Кралскиот воен колеџ на Канада беше изградена по модел на Зградата МекКензи во стилот на Втората империја со Мансарда и кула во средина на која има часовник кој функионира, опколена со кули со надвиснати краеви и една лизгалка. Освен тоа, беа направени и скулптури од мраз на хокеј играчи во чест на првата игра хокеј помеѓу Кралскиот воен колеџ на Канада and Универзитетот Квинс.

Секој јануари, околу 10 км источно од Квебек Сити, близу до водопадите Монтморенси и во парковите на зимското одморалиште Дакшенај, се гради првиот хотел од мраз во Северна Америка. За рекорација на внатрешниот дел се употребуваат мали и средни скулптури.

Кина уреди

 
Харбин, меѓународен фестивал на изработување скулптури од мраз и снег

Во Кина, најпознат регион за изработување скулптури од мраз е провинцијата Хејлунгѓанг. Најпознат настан е сè повеќе и повеќе популарниот Меѓународен фестивал за изработување скулптури од мраз и снег кој се одржува годишно во Харбин. Фестивалот постојано се зголемува во текот на годините, со сè повеќе талентирани уметници и повпечатливи техники и дела во шоуто. Во декорацијата со изработени скулптури од мраз има работи од модерната технологија, ласери, но и од традиционалните работи, како фенери од мраз. Климата во Хејлунгѓанг е ладна, има мраз во изобилство. Се појавуваат предмети во сите големини, дури и дела со големина на зграда.

Франција уреди

Францускиот главен готвач Огист Ескофје беше одговорен за една од најпознатите првобитни скулптури од мраз.[1] Француските вајари се редовни учесници на Светското првенство во уметност со мраз во Фербенкс, Алјаска.

Ирска уреди

Ирска, по традиција не е позната по изработување скулптури од мраз, но од неа потекнуват неколку угледни вајари, кои во изминатите години победиле на Меѓународниот фестивал за изработување скулптури од мраз во Јелгава, Летонија. Поврзано Духаун Дахлив (анг.Duthain Dealbh).

Јапонија уреди

Јапонскиот град Сапоро на островот Хокаидо е познат по својот зимски фестивал, во кој екипи се напреваруваат во изработување скулптури од мраз. Некои од овие дела се со големина на згради. Јапонските скуплтори придонесоа многу за оваа уметност. Најпознати јапонски вајари на мраз се: Јукио Мацуо, автор на "Изработување скулптури од мраз: тајните на јапонскиот мајстор" (анг. "Ice Sculpture: Secrets of a Japanese Master"), Мицуо Шимизу, автор на неколку јапонски книги за изработување скулптури од мраз и Јуничи Накамура, добитник на повеќекратни титули за изработување скулптури од мраз. Во Јапонија изработувањето скулптури од мраз е популарно уште од 1930-тите години и прв адвокат и учител во земјата беше Шуко Кобајаши, првиот претседател на Јапонската асоцијација за изработување скулптури од мраз.[4]

Филипините уреди

Повеќето од филипинските вајари на мраз што работат во странство потекнуваат од Пит, Лагуна, мал град околу 100 км. источно од Манила. Името Пит потекнува од зборот "paet", што значи "делка". Филипинскиот претседател Аројо го прогласи Пит за "главниот град на резбата на Филипините" бидејќи нивна специјалност и главен извор на приход е резбарството. Годишно, секој последен викенд од јули, Питианците одржуваат натпревар по резба од мраз, еден начин да ја прослават својата гратска Фиеста. Секоја година учествуваат околу 50 млади граѓани на овој град.

Русија уреди

Годишно, натпревар се одржува во паркот Горки во Москва, паркот Горки во Перм, во Салехард и други градови. Неколку руски вајари на мраз победија на натпреарите на Светското првенство за уметност со мраз, а тоа се: Владимир Жихарцев, Сергеј Логинов и Виталиј Леднев.

Шветска уреди

Уште од 1991 година, секоја зима се реконструира еден хотел од мраз во селото Јукасјарви. АЈСХОТЕЛОТ (анг. ICEHOTEL), како што е познат, е најстариот и најпопуларниот хотел од многуте хотели од мраз кои досега биле изградени во многу држави. Речиси целиот АЈСХОТЕЛ е изграден од мраз и снег и секоја од гостинските соби има различна тема и разработува резба од мраз или снег.

Во 2009 година во Сикфорш, Хелефорш, на езерото Соралјен започна фестивалот за изработување скулптури од мраз наречен ИСТХАРНАН. Настанот се одржува секоја година во февруари.

Обединетите Американски Држави уреди

 
"Мистериозниот бисер" 2006 година во Фербенкс, Алјаска на Светското првенство за уметност со мраз

Уште од 1989 година, Алјаска е домаќин на годишното Светско првенство за уметност со мраз. Речиси 100 вајари доаѓаат од целиот свет да вајат огромни блокови беспрекорен природен мраз кои понекогаш се нарекуваат „Арктички дијаманти“[5] Настанот го водат речиси исклучително волонтери.

Во една одредена година, повеќе од 45 000 гледачи поминуваат низ портите на Паркот од мраз што е дом на Светското првенство за уметност со мраз. Натпреварот е поделен на две главни категории: поединечен блок и групен блок и секоја од нив понатаму е поделена на апстрактни и реалистични скулптури. Една од најпопуларните атракции е Паркот за деца, каде што деца од секоја возраст се спуштаат по лизгалки од мраз или се вртат на вртелешки од мраз.

Обично се одржува на последниот викенд од февруари и првата недела од март, а гледачите може да ги видат вајарите како работат за време на натпреварите на првенството. Во класичниот поединечен блок, екипи од по двајца работат на 3'×5'×8' (90 см × 150 см × 200 см) блок од природно формиран алјаски мраз, што тежи приближно 7 800 фунти (3 500 кг). Во класичниот групен блок, во екипите од по четворица секој добива десет блока од приближно 6'×4'×3' (180 см × 100 см × 90 см), од кој секој тежи по околу 4 400 фунти (2 000 кг), за градење на нивното кристално ремек-дело. Екипите кои се натпреваруваат и на двата натпревари, поединечниот и групниот блок мора да се справат со вкупно 50 000 фунти (23 тони) мраз. И на двата натпревари може да се користат моќни алатки и скеле. Користење тешка опрема е дозволено само во натпреварот на класични групни блокови. Затоа, на учесниците во наптреварот им се потребни сила, издржливост и инженерски вештини, како и умешност во основни техники за изработување скулптури од мраз и уметничко видување.

 
Заштитниот знак на НИЦА

Националната асоцијација за разба од мраз (НИЦА), основана во Оук Брук, Илиноис (во метрополата Чикаго) е организација за резбари на мраз и за оние кои се заинтересирани за резбање на мраз. НИЦА ги одобрува и ги поддржува различните натпревари за изработување скулптури од мраз низ Обединетите Американски Држави и Канада и одржува годишно Државно првенство уште од 1991 година. Асоцијацијата разви врвен систем за одредување на квалитетот на скулптурите од мраз создаден за периодични натпревари, а воедно одредува и судии за натпреварите. НИЦА беше одговорна и за раководење со натпреварот за резба од мраз кој се одржа во соработка со Зимските олимписки игри 2002 година во Солт Лејк Сити, а обезбеди и помош за Олимписките игри во 2006 година во Италија. Во 2007 година, НИЦА ја започна „Турнејата за шампиони“ (анг."Tour of Champions") која постигнува високи резултати на неколку натпревари, вклучувајќи го и Државното првенство.

Обединетото Кралство уреди

 
Часови по изработување скулптури од мраз на Лондонскиот фестивал за изработување сулптури во 2011 година

Најголемата изложба за изработување скулптури од мраз во Обединетото Кралство е Лондонскиот фестивал за изработување сулптури. Керол Кордреј и Ајсбокс го организираа фестивалот во 2009 година. Натпреварот сега се одржува во Канери Ворф.[6]

Секоја година на Лондонскиот фестивал за изработување скулптури се разработуваат различни теми. За натпреварот во 2012 година беа избрани темите: Дух на заедништво и Зимски спортови. Победници за 2012 година беа Џонатан Лојд од поединечните натпреварувања и Педро Мајра и Најл Маги од групните натпреварувања. Џонатан Лојд доби и Награда од публиката.[7]

Со часови од Ајсбокс, фестивалот им дава шанса на посетителите и самите да се обидат да изработат скулптура од мраз. Воведните часови на Лондонскиот фестивал за изработување сулптури во 2012 година се фокусирани на тоа како да се изработи скулптура на куче од расата хаски.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Amendola, Joseph (1994). Ice Carving Made Easy. New York, NY: John Wiley & Sons, Inc. стр. 8. ISBN 0-471-28570-6.
  2. „Snow and Ice Sculpture Festival In Belgium“.
  3. „Deep Freeze 2012“. Arts on The Ave. Архивирано од изворникот на 2013-05-22. Посетено на 2013-06-16.
  4. Matsuo, Yukio (1992). Ice Sculpture: Secrets of a Japanese Master. New York, NY: John Wiley & Sons, Inc. стр. 182. ISBN 0-471-55409-X.
  5. Endres, Patick; Kris Capps (1999). The Making of Ice Art. Fairbanks, AK: self published. стр. 3.
  6. „Canary Wharf Group plc - London Ice Sculpting Festival“. Canarywharf.com. Архивирано од изворникот на 2012-06-10. Посетено на 2012-07-15.
  7. „13-14 January 2012“. The London Ice Sculpting Festival. 2012-01-14. Архивирано од изворникот на 2012-07-09. Посетено на 2012-07-15.

Надворешни врски уреди