Легионово (полски: Legionowo — град кој се наоѓа во Полска, во Мазовското Војводство, со население од 50.864 жители според податоци од 2010 година. Легионово е седиште на Легионовскиот Округ.

Легионово
Седиштето на градската управа
Седиштето на градската управа
Знаме на ЛегионовоГрб на Легионово
Легионово is located in Полска
Легионово
Легионово
Координати: 52°24′N 20°55′E / 52.400° СГШ; 20.917° ИГД / 52.400; 20.917
Земја Полска
ВојводствоМазовско
ОкругЛегионовски
ОпштинаЛегионово
Основање1877
Како град од1952
Управа
 • ГрадоначалникРоман Смогорзевски
Површина
 • Вкупна1.354 ха (3,346 acres)
Надм. вис.&1000000000000008000000080 м
Население (2006)
 • Вкупно54.109
 • Густина3.996/км2 (10,350/ми2)
Часовен појасEET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+2)
Поштенски код05-118 to 05-122
Повик. бр.+48 022
Регистарски  табличкиWL
Мреж. местоhttp://www.legionowo.pl

Историја уреди

Историјата на градот датира од 1877 година, кога била изградена железничката станица Јаблона Нова. Името доаѓа од село Јаблона, каде што во 1774-1779 епископот Понијатовски (брат на последниот крал на Полска, Станислав Поњаровски), изградил во неговиот дворец палата, сега во сопственост на Полската академија на науките. Во 1892 година, руската армија изградила касарна во близина на железничката станица. Овде се наоѓал и локален гарнизон на руската војска, како дел од Варшавскиот регион, до почетокот на Првата светска војна, кога овој регион бил окупиран од страна на германските војници.

Во 1912 година, на Легионово му бил доделен статус на град а со тоа и негови права. Во 1919 година Јаблона Нова била преименувана во Легионово во чест на полските легии.

Во околу 1920 година бил отворен Институт за аерологија, кој во моментот е во склоп на Институтот за метеорологија и водостопанство. За време на Битката за Варшава во август 1920 година, од касарната во Легионово, генерал Желиговски ја предводел 10-тата пешадиска дивизија и помогнал да се спаси Варшава од Црвената армија. Во 1922 година била отворена Авиотекс, фабрика за балони и падобрани, која исто така произведува и шатори и друга опрема за кампирање (на пример, вреќи за спиење). По 1925 година, градот станал летувалиште за жителите на Варшава, бидејќи за тоа време, градот претставувал шумска и незагадени област.

Во периодот од Првата светска војна и Втората светска војна била изградена железничка линија до Варшава. Веќе во 1930 година Легионово станала гмина односно општина. Во текот на Втората светска војна во градот бил отворен затворски камп за пониски офицери и војници. Во 1944 година жителите на градот зеле активно учество во Варшавското востание. По крајот на војната во градот се отворила фабрика за тули, но денеска истата не работи. Во 1960 година биле изградени првите четирикатни блокови на станови. Во 1970-тите и 1980-тите, биле изградени три големи групи на станови (4 ката и 11 ката). Во 1977 година била отворена фабрика за конзерви. Во август 1990 година бил отворен Центар за обука на полицијата.

Население уреди

Демографија уреди

  • 1960 - 19.835 жители
  • 1970 - 20.836 жители
  • 1978 - 34.100 жители
  • 1988 - 50.138 жители
  • 2001 - 51.738 жители
  • 2010 - 50.726 жители

Старосна структура[1]. уреди


 

Збратимени градови уреди

Наводи уреди

Надворешни врски уреди